Нови покриви и лифтови за карпошани

По комплетирањето на изведбата на енергетско- ефикасни фасади на колективни станбени згради, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, најави реконструкција на покриви на индивидуални и станбени објкети. Воедно тој најави и реконструкција и изградба на лифтови на колективни згради повисоки од пет ката. Јакимовски со изјава за медиумите ги прецизираше овие предвидени активности на локалната самоуправа.- Сакаме да ја информираме јавноста за акцијата која ја прави Општина Карпош за реконструкција на покривите на индивидуалните и колективните станбени објкети, како и на реконструкција на лифтовите, кои што се во зградите над 5 ката на територија на Општина Карпош. Досега се имаат пријавено 45 колективни станбени згради за замена или изградба на покривите. Практично тоа означува замена на салонитните табли, кои што според наши сознанија се канцерогини, како и реконтрукција на индивидуални станбени објекти кај граѓани кои пријавиле дека имаат салонитни табли, појасни првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски.
Јакимовски нагласи дека целта на оваа активност, во наредните пет до седум години е да нема ниту една куќа со салонитни табли, и исто така потенцираше дека при замената на покривите ќе се користи исклучиво лим во бела боја, обезбеден со средства на буџетот на локалната самоуправа, кој ќе ја подобри и климатската состојба во Општина Карпош.
– Исто така имаме намера да ги реконструираме лифтовите , се со цел да ја подобриме безбедноста на граѓаните и да се намали потрошувачката на електричната енергија, која се троши за овие лифтови. На седница на Советот на Општина Карпош се одобрени осум, а останува да се одобрат уште четири барања за замена и реконструкција на лифтови на колективни станбени згради , или вкупно дванаесет. Сакаме да ги повикаме и оние станбени објекти, кои што имаат дотраени лифтови, да се обратат до нас , кои учествуваме со 65 % од инвестицијата, додека 35 % се учество на граѓаните. За оваа намена обезбедивме 36 милиони денари, односно 14 милиони денари за поправка и изградба на лифтови, и 22 милиони денари за реконтрукција на покривите. Важно е, да се напомене , дека граѓаните ја обезбедуваат работната рака, а останатиот дел од инвестицијата е обезбеден од финансиите на локалната самоуправа. Сакаме да ги поттикнеме граѓаните за поголем интерес и учество во реконстуркција на покривите , и покрај обнова на фасадите, овие станбени згради да бидат во одлична состојба и наредните 30 години, граѓаните да немаат никакви проблеми со своето домување.- Сакаме да ја информираме јавноста за акцијата која ја прави Општина Карпош за реконструкција на покривите на индивидуалните и колективните станбе

Пронајдете не на следниве мрежи: