Новинарка се обидела да живее 3 дена без Интернет, мобилен телефон, ТВ: Еве што и се случило…

„Отсуството на телефонот од моите раце ме спаси од пијаните пораки кои веќе после првата чаша вино ми искрснуваат во главата. Браво за животот без интернет!ИАко, морам да признаам тргнувањето од телефонот  бараше поголем карактер отколку да останеш на диета цели 3 дена!“Кој може да си го замисли денот без WhatsApp,Viber,g-mail, Fejsbuk, Twitter,Instagram?!Навистина, таа салата нема да се слика па да се објави на Инстаграм сама, а светот ќе престане да функционира на секунда откако на некој на Фејсбук не сме му одговориле веднаш на пораката…
Новинарка од српскиот портал Телефраф.рс не сакала да го прифати фактот дека е толку зависна од дигиталниот живот па решила да направи еден мал експеримент од три дена во кој најпрвин си го одземала интернетот, па телефонот и TВ-то(поточно сите серии и филмови кои ги гледала на лаптопот).
За среќа тоа биле денови како петок, сабота и недела… Еве како изгледало сето тоа од нејзината перспектива.
Прв ден
Ден на слава. Иако на моменти го имала оној рефлекс на барањето на телефонот по џебовите и потребата да се фотка со луѓето околу неа кои долго не ги видела, да го апдејтира својот Фејсбук статус, да твитне нешто за тоа колку ја нервира кога некој ќе ја праша дали ќе се омажи, сепак се воздржала и поради семејното опкружување некако успеала да заборави на телефонот.
Одсуството на телефонот ја спасило и од пијаните пораки кои после првата чаша вино и искрснувале во главата!

Втор ден
Вториот ден бил тотална катастрофа. Се разбудила и го видела телефонот на другиот крај од собата светејќи( што значи дека некој и пишал, ѕвонел, нешто лајкувал, итн..) но, таа не смеела тоа да го провери. Се потсетила дека е сабота и дека треба да се види со друштвото со кое организирала журка…
Отишла до фиксниот телефон со идеја некого да контактира, но се сетила дека ниеден број не знае на памет, сите броеви и биле запишани во телефонот кој не смее да го допре! Тука почнало да и се појавува чувство на  анксиозност, ладна пот, паника… што да прави и како да ги исконтактира?
Седнала да чита книга и да пие чај иако никогаш не го правела тоа порано. Бидејќи денот бил сончев решила да прошета и да го искористи. Се прошетала, но ја фатило паника и кога сфатила дека не може да слуша ниту музика , се и било во телефонот. Налетала на пријателка која ја повикала на забава вечерта а таа ја запишала адресата на ливче. Вечерта излегла и отишла на погрешно место, се изгубила а немала начин како да се слушне со било кого…
Прашала некој човек кој стоел на станицата како да дојде до таа адреса и добила намигнување  и реченица „Еве јас  ќе те однесам“… За среќа брзо дошол друг превоз па ја упатиле каде да оди.
Сега повеќе не се работело за социјалната потреба на користење на телефонот туку и за неможноста некого да повика да дојде по неа во моментот кога се почувствувала загрозено.
Стигнала на журката некако… На моменти се фатила себеси како размислува за својот телефон.Се чувствувала многу ужасно!

Трет ден
Третиот ден бил ужасен. Повторно се постетувала на се што пропуштила за овие три дена и за луѓето со кои не разговарала. Како да и се јави на својата сестра и како да ја праша како поминала на операцијата?
Потполно оттргната од светот, од актуелноста, од можноста да закаже некое интервју во наредната недела, да поразговара со пријателките за некој трач.. се почувствувала како човек во лудачка кошула.
За среќа четвртиот ден повторно се и било достапно. Пресреќна, не можела да дочека да се чуе со сите важни луѓе во нејзиниот живот, повторно да се врати на работата…
„Интернетот не држи во своите канџи и се повеќе не стега. Јасно е- станавме робови во модерното друштво.. некој повеќе, некој помалку…“
„Не можам да зборувам во името на луѓето во руралните средини и кои умеат да го живеат животот далеку од било каква конекција, компјутери, телефони… но тврдам  дека секој кој има работа, друштво и живот во урбаната средина- живот лишен од технологијата, доживува вистинска тортура.
И кој ќе каже дека некој е зависник , нека се обиде да одолее да не одговори на пораката која во моментов му стигна!Ќе го частам“- вели таа. 
Какво е вашето размислување во врска со животот надвор од технологијата? Колку би издржале вие без неа?Кој може да си го замисли денот без WhatsApp,Viber,g-mail, Fejsbuk, Twitter,Instagram?!Навистина, таа салата нема да се слика па д

Пронајдете не на следниве мрежи: