Новиот iPhone ќе ја носи ознаката 5S

Одреден јапонски мобилен оператор „несакајќи“ ни го потврди она што повеќето го претпоставувавме – новиот iPhone нема да ја носи бројката 6, туку 5s…Јапонскиот мобилен оператор KDDI на својата веб-страна прерано постави линк за нарачка на iPhone 5s. Се очекува новиот модел да биде претставен на 10-ти септември, а продажбата да почне една до две недели подоцна, а како можен датум се споменува 20-ти септември. Освен црната и белата боја, овојпат ќе добиеме и графитна боја (сива), како и шампањ боја (златна).

Со новиот модел, ќе видиме неколку уникатни работи од Apple. За првпат најверојатно ќе биде претставен модел со 128GB простор за складирање на податоци, понатаму можно е телефонот да поседува скенер на отпечатоци „под“ Home копчето, а исто така за првпат ќе видиме и нов, поефтин модел кој ќе ја носи ознаката iPhone 5C (Colors). Цената на 5s моделот ќе остане иста како на сегашниот iPhone 5, а со новиот модел ќе биде претставен и iOS 6, кој претставува прва поголема дизајнерска промена на мобилниот оперативен систем на Apple.
gsm.mkЈапонскиот мобилен оператор KDDI на својата веб-страна прерано постави линк за нарачка на iPhone 5s. Се очекува новиот модел да биде претстав

Пронајдете не на следниве мрежи: