НОВО БАРАЊЕ: Видео игрите како дел од Олимпијадата?

Натпреварувачкото играње на видео игри, попознато како е-спорт, би требало да стане една од дисциплините на Олимписките игри, смета Роб Пардо кој е главен дизајнер на „World of Warcraft“ и од неодамна водечка фигура во компанијата „Blizzard“.„Спортот е поим кој денес се употребува во пошироко значење, а видео игрите се погодни за масовно следење,“ рекол Пардо за ВВС, додавајќи дека професионалните е-спорт манифестации моментално привлекуваат милионска публика.
Неодамна одржаното финале во Сеул, Јужна Кореја, наполни стадион со 40.000 гледачи, додека далеку поголем број луѓе го следеле тој настан преку интернет или на посебно определени локации ширум светот.
„Тоа е добар аргумент е-спортовите да станат дел од Олимписките игри“, објаснува Пардо.
„Мислам дека е-спортовите се сплет на натпреварувачки вештини. Погледнете ги само професионалните гејмери кои мора да имаат брзи рефлекси и брзо да одлучуваат“, напоменал тој, додавајќи дека е свесен дека видео игрите ги очекува тешка културолошка битка.
Колку за пример, љубителите на шахот одамна бараат тој да стане олимписка дисциплина, но МОК тоа упорно го одбива, тврдејќи дека станува збор за „ментален спорт“, кому не му е место на Олимпијадата.„Спортот е поим кој денес се употребува во пошироко значење, а видео игрите се погодни за масовно следење,“ рекол Пардо за ВВС, додавај

Пронајдете не на следниве мрежи: