Ново средно училиште во Сарај

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати, и Бедри Ѓуреци, директорот на новото средно училиште „Сарај“, денеска присуствуваа на отворањето на училишниот објект.- Новото средно училиште коешто е прво во Општината Сарај ќе им овозможи квалитетно образование на учениците од оваа општина. Градот Скопје заедно со Министерството за образование и наука го исполни барањето на жителите од оваа општина и го отвори училиштето во кое учениците ќе можат да следат настава за повеќе образовни профили – истакна градоначалникот Трајановски.
Новото средно училиште е со вкупна површина од 4 405 квадратни метри, во кое наставата ќе се одвива во 12 училници, 4 кабинети, голема фискултурна сала, читална и библиотека.- Новото средно училиште коешто е прво во Општината Сарај ќе им овозможи квалитетно образование на учениците од оваа општина. Градот Скопје заедно

Пронајдете не на следниве мрежи: