Oригинални италијански лазањи

Италијанците, како и целиот свет, сметаат дека лазањите потекнуваат од Болоња. Но вистината е дека тие настанале во Грција, а името го добиле по глинената тава во која се правеле позната како „lasanon“.
Oригинални италијански лазањи: Вкус што не се заборава
Италијанците малку го преправиле рецептот и со текот на времето лазањите станале нивно традиционално јадење. Во продолжение погледнете го рецептот токму за овие „преправени“ лазањи.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
500 грама кори за лазања
За рагу сос:
250 грама мелено говедско месо
250 грама мелено свинско месо
500 грама сос од домати
1 главица кромид


1 чешне лук
70 грама ситно исечкан корен од целер
70 грама ситно исечкани моркови
1 голем ловоров лист
За бешамел сос:
1 лажица путер
1 литар полномасно свежо млеко
2 супени лажици брашно
Мускатно оревче
120 грама свежо рендан пармезан
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
За редење на лазањите потребна ви е правоаголна тава.


Рагу сос:
Ситно исечканите кромид и лук, морков и целер пржете ги на маслиново масло. Додајте го меленото месо, пржете, па додајте сол и бибер. Потоа додајте го сосот од домати и ловоровиот лист. Покријте го садот и оставете го да се готви половина час.
Бешамел сос:
Растопете го путерот во големо тенџере, тргнете го од оган и додајте го брашното. Вратете го тенџерето на шпоретот и мешајте додека не добиете густа хомогена смеса. Повторно тргнете го садот од огнот и постепено додавајте го млекото со непрекинато мешање. Додавајте млеко секогаш кога смесата ќе стане хомогена. Вратете го тенџерето на оган и мешајте додека не добиете густина на јогурт. Додајте сол, бибер и рендано мускатно оревче.
Тавата премачкајте ја со масло и наредете го првиот ред кори за лазањи. Нанесете еден ред месо, една лажица рендан пармезан и еден кутлач од бешамел сосот. Повторете ја постапката додека не го потрошите филот.
Пред крајот на корите додајте само бешамел сос и пармезан, а на последната кора додајте и малку сос од домати.
Печете 20 минути, во рерна загреана на 180 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.