Обама реши со вето да го заштити Епл од Самсунг

Претседателот на Америка, Барак Обама реши да го заштити Епл од Самсунг со вето.По косултации со специјализирани агенции Обама реши да стави вето врз Самсунг, а со тоа да го заштити Епл.
Тој го поништи решението од јуни на Комисијата за меѓународна трговија на САД што резултираше со забрана за продажба на одредени модели на iPhone и iPad во САД.
Оваа одлука беше донесена од страна на Комисијата по предлог на Самсунг кој  обвинуваше дека Епл со овие производи ги крши неколку од нивните основни патенти.
Поточно се работи за iPhone 4 и 3G и iPad 2 кои користат поинаков начин на работа во CDMA мрежа и се единствените уреди на Епл кои можат да работат на друг оператор, во Америка, освен AT&T.
Да потсетиме дека со забраната беа опфатени уреди кои се продавани и повеќе од 2 години, а за многумина оваа одлука на Обама е всушност lose-lose коомбинација за Епл и Самсунг.
Па останува да видиме како ова ќе влијае во развојот и продажбата на овие две гигантски компании, чијашто војна, очигледно, е далеку од својот крај.По косултации со специјализирани агенции Обама реши да стави вето врз Самсунг, а со тоа да го заштити Епл.
Тој го поништи решението од јуни

Пронајдете не на следниве мрежи: