Обид за шверц: Македонец сакал да шверцува 2,688 кг марихуана – Еве како го фатиле

Обид за шверц на 2,688 килограми марихуана е спречен вчера при редовна царинска контрола на граничниот премин Ќафасан.Како што соопшти Царинската управа, марихуаната е пронајдена во багажниот простор на патничкото возило на македонскиот државјанин Е.М. (43) кој во 16 часот и 30 минути се пријавил за влез во Република Македонија.
Е.М. им рекол на цариниците дека нема што да пријави, но тие се посомневале во неговата изјава по што го селектирале возилото за преглед и во багажниот простор под резервната гума пронашле четири најлонски пакетчиња со канабис сатива, а потоа и уште осум во багажниот простор во внатрешниот дел на левото задно крило, во делот за вентилација во предниот дел од моторот и во просторот над предната сијалица која се наоѓа на покривот од возилото.
Лицето е привремено лишено од слобода и предадено на инспекторите од Одделението за истраги заради преземање натамошни предистажни дејства. Од спроведената предистражна постапка се собрани материјални и вербални докази кои укажуваат дека осомниченото лице дрогата ја купил од Елбасан, Албанија, за 500 евра, од лице државјанин на Албанија.
Во тек е вештачење на непознатата растителна материја по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Струга. По комплетирање на сите докази Царинската управа против сторителот ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде предаден на надлежен судија на претходна постапка.Како што соопшти Царинската управа, марихуаната е пронајдена во багажниот простор на патничкото возило на македонскиот државјанин Е.М. (43) ко

Пронајдете не на следниве мрежи: