Обиколките на Гоце Делчев низ Македонија

Од вклучувањето во организацијата, до неговата смрт, Гоце постојано се движел низ Македонија. Во април 1895 год, Гоце заедно со Туше Делеиванов тргнал на обиколка низ Македонија.Патувањето започнало на 10  април 1895 год. Биле посетени : Велес, Солун и Кукуш каде во МРО се зачлениле 151 лице. Меѓу нив била и сестрата на Гоце, Руша Делчева. Биле собрани 180 турски лири а по неговото заминување 330 лири кои му биле доставени на ЦК во Солун.Од вклучувањето во организацијата, до неговата смрт, Гоце постојано се движел низ Македонија. Во април 1895 год, Гоце заедно со Туше Делеиванов тргнал на обиколка низ Македонија.Патувањето започнало на 10  април 1895 год. Биле посетени : Велес, Солун и Кукуш каде во МРО се зачлениле 151 лице. Меѓу нив била и сестрата на Гоце, Руша Делчева. Биле собрани 180 турски лири а по неговото заминување 330 лири кои му биле доставени на ЦК во Солун.
Во Велес Гоце се сретнал со Петар Поп Арсов. Разговарале за револуционерната организација во Велес. Од Велес заминале за Солун. Таму се сретнал со Христо Татарчев. Следниот ден стигнале во Кукуш. Во Кукуш останал 2 дена. Оттаму заминал во Дојран. Тука формирал месна организација. Оттука заминал за Гевгелија, Струмица и Радовиш. Формирал месни организации. Оттаму се вратил во Штип.
Во летната ваканција во 1895 год. била извршена нова обиколка на: Солунско, Кукушко, Гевгелиско и Дојранско. Кон крајот на 1895 год, Гоце извршил нова обиколка во правец Штип-Пехчево-Владимирово-Берово-Џумаја-Дупница-Ќустендил. Извршил обезбедување на врските, патиштата, назначување на одговорни на пунктовите и уредување на сообраќајните врски со внатрешноста. Биле формирани два пункта: Ќустендилски на чело со Никола Зографов и Дупнички на чело со Никола Малешевски.
Во летото 1896 год, Гоце заминал во Кукуш. Ивршил ревизија на Кукушката мрежа на ТМОРО.По назначувањето за Задграничен Претставник Гоце извршил ревизија на пограничните организациони пунктови во Бугарија Дупница-Ќустендил.
Во предвечерјето на 1897 год, Гоце со рускиот брод Воронеж се префрлил на Света Гора со цел да изнуди парични средства од Светогорскиот манастир. Била определена локација за магацин и бомболеарница во просторот меѓу Зографскиот манастир и Хилендар на Света Гора. Во почетокот на  1900 год, кога избила Новоселската афера Гоце се наоѓал во Радовишко а оттаму се префрлил во Струмичко и Петричко.
Во пролетта март-април 1901 год, Гоце бил во обиколка на Одринско. Во период октомври 1900 до март 1901 год. Гоце ги обиколувал: Разлошко, Горноџумајско, Малешевско, Радовишко, Струмичко, Мелничко и Петричко.
Мисијата на Гоце во Југозападна Македонија била најзначајна во неговата револуционерна дејност и се остварила од август 1901 до март 1902. Големо влијание имала Солунската провала а исто така тој имал за цел да се сретне со Даме Груев во Битолскиот затвор.
Своето патување Гоце го започнал во август 1901 год. од Ќустендил а потоа заминал за Малешевско и Радовишко. Извршил ревизија на Радовиш и околината. Оттаму се префрлил преку Вардар во Неготино, каде извршил инспекција на тамошниот комитет. Оттаму се префрлил во Кавадарци. Таму престојувал 4 дена. Одржувал средби со Пано Јосиф, Спиро Даскалов, Лазо Бањански и Христаќо Текенџијата. Таму дознал за грабнувањето на Мис-Стон. Оттаму преминал во Ваташа каде обрнал внимание на создавање на селската милиција.
Од Тиквешко се префрлил во Прилепскиот реон од каде почнала инспекцијата во Битолскиот округ. Неговата инспекција во Битолскиот округ се одвивала во есента и зимата 1901/2 год. и започнала со ревизија во 
Прилепско. Тој заедно со четата на Никола Петров Русински и Јован Манолев ги посетил селата: Тројаци, Плетвар, Оравец, Леништа и Селце. Гоце го прашал Русински зошто кога влегува во селата не им се доверува на селаните, туку секогаш за престој избира високо место или висока куќа. Русински му одговорил дека тоа го прави за да ја спроведе дисциплината кај четниците и за да избегне судир со непријателот. Притоа Русински поднел одставка на функцијата прилепски околиски војвода која Гоце ја прифатил. Во ноември 1901 год, Гоце пристигнал во Битола каде престојувал три недели. Тука имал средба со Даме Груев во Битолскиот затвор.
Гоце ги информирал раководителите на Битолскиот комитет за ситуацијата околу аферата Мис Стон и го покренал прашањето за вооружувањето на Прилепско. Успеал да издејствува да бидат испратени 80 пушки во Прилепскиот регион. Од друга страна Битолскиот окружен комитет го изнел прашањето за зацврстувањето и разгранувањето на Четничкиот институт во Битолскиот округ. Тогаш во присуство на Гоце и со знаење на Даме во Битолскиот окружен комитет влегле: Ѓорѓи Поп Христов, Ѓорѓи Сугарев, Аце Дерев, Анастас Лозанчев, Ѓорѓи Пешков и Неделко Демијанов. На негово чело застанал Ѓорѓи Поп Христов. Бил формиран Битолски околиски комитет во кој влегле: Александар Евтимов, Лука Геров и Кирил Лозанчев.
Во рамките на инспекцијата на Делчев во Битолскиот округ спаѓа и посетата на Костурско и Леринско, при што најважни цели биле да се санираат последиците од Ивановата провала и да се создаде база за пренос на оружје во Грција. Гоце пристигнал во Костурско на 20 ноември 1901 год. Се сретнал со Пандо Кљашев, Лазар Марков, Васил Чакаларов, Кузо Стевков и Георги Пешков.Тука го посетил село Кономлади каде што  во редовите на организацијата биле внесени 30 души. Исто така било 
формирано управно тело, биле назначени десетниците, и биле разјаснети правата и должностите. Потоа го посетил село Смрдеш каде било формирано женско комитетско друштво.
Од 14 до 17 јануари 1902 год, се одржало советувањето во село Загоричани Костурско. Таму имало еднодневен прекин поради предавството на гркоманот ИлијаПоп Анастасов од с. Куманичево. Оваа советување имало регионален карактер и била разгледана општата состојба во округот. На советувањето присуствувале: Гоце Делчев, Ѓорѓи Поп Христов, Лазар Поп Трајков, Михаил Никоов, Лазар Москов, Пандо Кљашев, Кузо Стефов, Васил Чакаларов, Андреја Кожуваров, Марко Лерински, Славко Арсов и Михаил Чеков. На советувањето била разгледана положбата во Битолскиот округ. Исто така биле проширени компетенциите на управните тела, со предавање на судски прерогативи. Исто така било разгледано и снабдувањето со оружје. Било одлучено да продолжи мисијата на Васил Чакаларов за транспорт на оружје од Грција.
На 17 јануари 1902 год. Гоце Делчев го напуштил Костурско и со четата на Марко Лерински се префрлил во с. Зелениче Леринско. Престојот во Леринско бил краткотраен и единствено се задржал во с. Екишсу. За време на престојот во Леринско Гоце дознал платениот откуп за Мис Стон и Катерина Цилка.
На враќање Гоце поминал преку каналите на организацијата во: Струмичко, Кочанско, Горноџумајско и Ќустендилско. Таму се сретнал со главните актери од аферата Мис Стон, Јане Сандански и Крсто Асенов. Заедно со нив отпатувал во Софија, каде што комисиски биле прифатени парите од откупот за Мис Стон. Со тоа завршила обиколката на Гоце Делчев низ Македонија.Од вклучувањето во организацијата, до неговата смрт, Гоце постојано се движел низ Македонија. Во април 1895 год, Гоце заедно со Туше Делеивано

Пронајдете не на следниве мрежи: