Објавен огласот за продажба на 55 парцели во Општина Штип

Според портпаролот на Општината Драган Ристов, парцелите за куќи се по цена од едно евро за метар квадратен. Најмалата е околу 400 метри квадратни, а најголемата околу 500.– Локации за куќи не се дел од проектот за „Млади брачни парови до 35 години“, но доколку се продадат, сопствениците можат да ги пријават како дел од проектот со што би ги користеле бенефиициите, рече Ристов.
Во огласот  се нудат локации за станбени згради и лесна индустрија. На продажба се и две локации за бензински пумпи во селата Драгоево и Криви Дол, згради во населба Пребег и во населба Баби, како и хотелски комплекс кај бањата Кежовица каде што една локација веќе беше продадена.
Ристов информира дека деновиве се очекува да биде објавен и огласот за продажба на парцели за проектот „Купи куќа за млади до 35 години“. Урбанистичката документација за новата анселба е готова, се чека само документот за пренамена на земјиштето.
Штип во рамките на овој проект првично ќе понуди продажба на 600 парцели за индивидуални куќи, а новата населба ќе биде со комплетна инфраструктура, игралишта и трговски објекти.– Локации за куќи не се дел од проектот за „Млади брачни парови до 35 години“, но доколку се продадат, сопствениците можат да ги

Пронајдете не на следниве мрежи: