Жолтата боја најчесто се поврзува со лоша среќа и прељуба, но не и оваа сезона, бидејќи токму оваа боја ќе биде на врвот на модните трендови летово.
Долго време жолтата боја беше речиси забранета во шарените палети на жените, но за неколку години оваа нијанса стана најпосакувана. Ова лето дури и суеверните се подготвени да го разбијат овој мит.
Дизајнерите сметаат дека жолтата боја е исклучителна, бидејќи го симболизира сонцето, топлината на летото, поттикнува на безгрижност и добро расположение.
Не заборавајте да си набавите по некое парче облека во жолта боја за ова лето. Ќе се чувствувате нежно и женствено.
Жолтата боја најчесто се поврзува со лоша среќа и прељуба, но не и оваа сезона, бидејќи токму оваа боја ќе биде на врв