Облешево доби Повеќенаменското спортско игралиште

Градежните активности за изградба на повеќенаменското  спортско игралиште во с.Облешево се во завршна фаза. 
Општина Чешиново-Облешево конечно доби едно современо и модерно повеќенаменското  спортско игралиште каде што жителите на оваа општина ќе имаат можност да го поминуваат слободното време и да се рекреираат.
Вредноста на инвестицијата за ова повеќенаменско спортско игралиште изнесува околу 7 милиони денари и е дел од проектот „100 повеќенаменски игралишта “ како инвестиција на Владата на Република Македонија . Димензиите на ова игралиште се 42.10 x 25.10 метри.
Игралиштето содржи терен за ракомет , фудбал и кошарка.
Градоначалник Костадин Личков: „Оваа инвестиција е од особено значење за младите од нашата општината , бидејќи со ова игралиште им  овозможуваме да го градат својот натпреварувачки и спортски дух и здрав начин на живеење.
  
Општина Чешиново-Облешево конечно доби едно современо и модерно повеќенаменското  спортско игралиште каде што жителите на оваа

Пронајдете не на следниве мрежи: