Обожавате кремави десерти? ЧОКОЛАДНАТА ЛАВА е вистинската за вас!

Чоколадната лава е лесна и едноставна за приготвување. Сè што ви треба е да одвоите половина час и да уживате во кремастото задоволство што ние ви го нудиме.СОСТОЈКИ:
– 120гр чоколадо за готвење
– 120гр путер
– 1 шоља шеќер во прав (100гр)
– 2 јајца
– 2 жолчки од јајца
– 6 лажици брашно
ПОДГОТОВКА: 
1. Загрејте ја рерната на 220°C. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин.

2. Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња, и чоколадото за готвење, искршено на коцки. Потребно е да го растопите путерот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото.
3. Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи.
4. Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки.
5. Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу ¾ од нивната висина.
6. Ставете ги колачите во рерната и печете околу 7-10 минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Ако со лажичка пресечете едно парче, од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“.
7. Послужете ги колачите топли, поросени со шеќер во прав, со топка сладолед, парче овошје и/или шлаг.СОСТОЈКИ:
– 120гр чоколадо за готвење
– 120гр путер
– 1 шоља шеќер во прав (100гр)
– 2 јајца

Пронајдете не на следниве мрежи: