Почитуван г. Владимир Талески, градоначалник на Битола,Почитуван директор на НУУБ Св. Климент Охридски од Битола,Почитувани директори на НУ од областа на културата во Битола, Почитувани претставници на медиумите…Ми претставува особено задоволство што сум денеска во Битола и што имав можност да ја посетам една од најстарите културни установи на подрачјето на општината-Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски. Од своето основање пред 70 години па сè до денес библиотеката располага со фонд од над 600.000 книги и списанија и со својата дејност на сите љубители на пишаниот збор постојано им нуди нови наслови, разни содржини и културни настани кои го збогатуваат културниот живот, а исто така придонесува и за унапредување на стручната и научно-истражувачката дејност.
Морам да истакнам дека Библиотеката која е сместена во два функционално поврзани објекти (стар и нов) кои претставуваат една целина во изминатиот период со поддршка на Министерството за култура беше реконструирана и надоградена. Во текот на реконструкцијата која се одвиваше во неколку фази беше извршена конзервација и санација на фасадата на стариот дел од објектот кој е заштитено културно добро, беше доградено поткровје, а беше извршена и ентериерна реконструкција како и комплетно поврзување на постојните спратови од старото и новото крило со новоизградените поткровја. Исто така беше изведен систем за ладење и греење, а со нова опрема и мебел беа опремени канцелариите, читалните и салата за промоции, како и салата за музикалии. За реализацијата на овој проектот Министерството за култура од својот буџет издвои 30,5 милиони денари
Со реализацијата на проектот Библиотеката се здоби со современи функционални простори односно нови 500 метри квадратни корисна површина.
Во насока на поддршка на програмските активности во библиотеката покрај просторното осовременување се поддржуваат и голем број проекти за нејзино технолошкото осовременување и збогатување на книжниот фонд. Станува збор за изданија од тековната македонска издавачка продукција, како и со дела од капиталните проекти на Министерството за култура од областа на издаваштвото: „130 тома македонска книжевност“, „Ѕвезди на светската книжевност“, „Превод на дела на добитници на Нобеловата награда за литература “ и др.
Почитувани присутни,
Во општина Битола, освен Универзитетската библиотека функционираат уште 4 национални установи од областа на културата: Центарот за култура, Битолскиот театар, Заводот за заштита на споменици на културата и музеј-Битола, и Музејот на Албанската азбука. Морам да истакнам дека Министерството за култура во рамките на Годишната програма континуирано ја дава својата поддршка за реализацијата на повеќе проекти од сите дејности од областа на културата, драмската, филмската, музичката, ликовната, фолклорната, музејската дејност и заштитата на културното наследство. Во тој контекст ќе споменам дека Министерството за култура традиционално ја дава својата поддршка во реализацијата на фестивалот на филмска камера Браќа Манаки, Битола Шекспир фестивал, Фестивалот на монодрамата како и фестивалот Илинденски денови кој годинава се одржува по 45 пат. Во рамките на музичко-сценската дејност забележлива е континуираната поддршка за реализација на фестивалот на класична музика „Интерфест“, како и работата на Битолскиот камерен оркестар. Во изминатиот период за потребите на Центарот за култура беше инсталирана нова дигитална кино опрема со што оваа институција има континуирана програма која само минатата година ја проследиле повеќе од 40 илјади посетители. Истовремено согласно проектот на Владата, а за потребите на Битолскиот театар набавена е и нова сценска, светлосна и тонска опрема, а во театарот беа вработени актери, драматурзи и реќисери.
Во оваа прилика ќе напоменам дел од проектите од областа на заштитата на културното наследство кои во наредниот период ќе се реализираат во Битола.
Согласно проектот за обнова и конзервација на повеќе фасади од автентичната стара градска архитектура и по обновата на фасадата старата касарна во која е сместен Заводот за заштита на спомениците, годинава ќе се работи на конзервација и реставрација на фасадите на музичкото училиште, гимназијата и безистенот,
Оваа година продолжуваме со конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Богородица“ во с. Велушина,
Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата интензивно работат на реализацијата на проектот за конзервација и адаптација во галериски простор во Јени џамија,
Интензивно ќе се работи на конзервацијата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Курбиново од 11 и 12 век,
Континуирано продолжуваме со археолошки истражувања и конзервација на археолошките локалитети Хераклеја Линкестис, Градиште Црнобуки и др.
Во рамките на проектот за осовременување на музејските депоа во заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Битола ќе се работи на осовременување на четирите археолошки депоа како и проширување на постојаната музејска поставка. Во рамките на овој проект ќе се уреди и депото во Музејот на Албанската азбука, а по уредувањето на просториите и отворањето на историската поставка предвидено е и концпирање на постојана етнолошка поставка, во која преку многубројните експонати ќе биде прикажана културата, историјата и традицијата на албанскиот народ.
Исто така сакам да ве информирам дека во рамките на проектот „Зајакнување на културното наследство преку планирање на животната средина и менаџмент –ШЕРПЛАН изработен е Стратешки менаџмент план за заштита на животната средина во Битола, а во теке е подготовката и на законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, со кој ќе се уредат клучните прашања во поглед на заштита на споменичната целина „Старо градско јадро на Битола“.
Исто така сакам да ја истакнам одличната соработка на директорите на институциите од областа на културата со градоначалникот на Битола што е од големо значење за реализација на културната програма и збогатување на културното живеење во Битола.Ми претставува особено задоволство што сум денеска во Битола и што имав можност да ја посетам една од најстарите културни установи на под