ОБРОК САЛАТА: Одличен предлог за брз ручек

Одличен предлог за брз ручек или вечера ако брзате или сакате нешто друго да пробате. Интегрални тестенини, пилешко, сусам, павлака, сирење и тенки кришки печена сланина.Состојки за 3 лица:
300 гр тестенини (интегрални)
200 гр павлака
100 гр мајонез
100 гр сирење што се топи (или зденка)
1 лажичка сол
1 лажичка сенф
6 тенки кришки сува сланина
300 гр пилешко бело месо
2-3 лажички сусам
Неколку кришки сирење
Може да се додаде зелена салата, домат сечен ка коцки или свежа краставица…
Подготовка:
Исецкајте го пилешкото месо, посолете па на тефлонска тава пропржете.
За тоа време ставете вода да проврие и сварете ги макароните и оставете ги затворени.
Кога пилешкото ќе се испржи, без зејтин, во истата тава ставете ги кришките сланина и сусам.
Сввртете ја сланината после 2 минути бидејќи малку време им треба да се испржат.
Се ставете на чинија. Соберете го и сусамот.
Во посебен сад помешајте павлака,сирење сенф, мајонез и сол.
Исцедете ги тестенините измијте ги под млаз вода, повторно исцедете, па додадете го преливот од павлака кој го составите претходно.
Се убаво измешајте.
Во три чинии подеднакво сервирајте од макароните , а осозгора ставете ги коцките бело месо, лентите сланина, парчињата младо сирење, ставете од сусамот и послужете.
Добар апетит!
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна, здрав начин на живот, пијалаци, диети, животни искуства и сл. можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК, и на фан страната на Фејсбук.Состојки за 3 лица:
300 гр тестенини (интегрални)
200 гр павлака
100 гр мајонез
100 гр сирење што

Пронајдете не на следниве мрежи: