Обвинетите во „Ќелија 2“ ја признаа вината

Уште не седнати на обвинителна клупа, припадниците на „Ќелија 2“ ја признаа вината. Падна спогодбата меѓу обвинителството за организиран криминал и обвинетите за учество во терористичка организација кои беа уапсени во јули годинава, потврдија од обвинителството за Алфа.Ова е втор случај каде цела мрежа призна учеството во терористичка организација што ја помагала, дело кое на товар им го стави МВР во јули годинава, кога 5 од 7 припадници на групата завршија со лисици на рацете. Спогодбата со обвинителство ја склучиле петтемина обвинети, се бараат уште двајца, кои според сознанијата на полицијата се уште се на боиштата на страната на џихадистите. Обвинетите се осудени на казна затвор од 2 години и 4 месеци, 2 и 6 месеци и 2 години и 8 месеци.
„Ќелија 2“ специјалците ја разбија во јули, на 7 локации во Скопје и Тетово,полицијата собра доволно докази со кои обвинетите беа доведени пред свршен чин да мора да признаат дека биле дел од терористичка организација надвор од Македонија. МВР немаше оперативни сознанија дека овие лица подготвувале терористички напади на територијата на Република Македонија, но со оглед на нивната воено – терористичка обука што ја имале во војските во кои се бореле, секако дека претставувале закана за Македонија и за земјите од регионот.
Минатата година, полицијата ја разби првата џихадистичка „Ќелија“, тогаш 11 обвинети признаа вина дека биле дел од паравоена и пара полициска организација и тогаш се спогодија со обвинителството, а највисоката затворска казна од 7 години беше за идеологот на групата.Ова е втор случај каде цела мрежа призна учеството во терористичка организација што ја помагала, дело кое на товар им го стави МВР во јули годинава

Пронајдете не на следниве мрежи: