Институциите заедно со човечкиот и механизацискиот потенцијал реагираа професионално и одговорно, со што ситуацијата се нормализираше во најбрз можен рок, додека пак граѓаните веднаш потоа успеаја да се вратат во своите домови.Исплатени се 500 евра авансна помош на над 3000 семејства од поплавените региони, а набрзо ќе биде исплатена и 100% износот од штетите на погодените. Во инфраструктурата ќе се реконструираат и асфалтираат дури 56 улици во населените места, а целокупната сума за инфраструктурните работи ќе изнесува 6 милиони евра. Исто така 1,2 милиони евра се инвестирани за механизацијата која била ангажирана на терен за изнесување на шутот.
Дополнително ќе се реконструира и обиколницата, проект кој е фалично започнат од страна на СДСМ, проект за кој ќе се потрошат 6 милиони евра и конечно ќе се исправат грешките во изведување и проектирање кои ги имаат направено СДСМ во минатото.
Очигледно СДСМ со нивната мизерна и плукачка политика се подготвени и за белото да викаат дека е црно, само за да предизвикаат минимално внимание во јавноста и да се обидат да ја променат сликата во јавноста за нив. Сепак и од тоа немаат резултат.
Впрочем СДСМ нека излезат на терен без да се разочараат, нека ги запрашаат граѓаните од поплавените подрачја до кај е санацијата на штетите, тие најубаво ќе им објаснат.Исплатени се 500 евра авансна помош на над 3000 семејства од поплавените региони, а набрзо ќе биде исплатена и 100% износот од штетите на погоденит