Науката има теории како можело да дојде до настанувањето на негативната крвна група, но засега сето тоа се само тврдења кои не се општо прифатени, па научната заедница сѐ уште е отворена кон тоа прашање и бара одговор.Негативната и позитивната крвна група едноставно не се компатибилни. Сите имаме ист предок, но 15 отсто од луѓето не влегуваат во тие рамки.
Дали е можно дека + и – се доказ за некогаш двете различни видови цивилизации, или пак за генетско модифицирање?
Постојат разни теории врзани за крвните групи. Некои теории говорат за тоа како сите неандрталци имале Rh-.
Науката вели дека најстарата крвна група е 0. Пред околу 35000 години или помалку, се појавила 0- групата. Пред околу 20000 години настанала групата А, пред 10000 години групата Б, а АБ групата се појавила пред околу 1500 години. Мистеријата на крвните групи е една од загатките кои се однесуваат на секој човек посебно.
Загатката е во тоа што науката нема решение како настанала крвната група минус. Во оваа тема сите имаме нешто заедничко.
Ако се претпостави дека жената е Rh-, мора да се земе в предвид дека таа во себе има природен одбранбен механизам кој ќе ги уништува Rh+ крвни зрнца во фетусот. Сега се зборува за проблем кој нема измислени, имагинарни поделби.
Како Rh „негативците“ се поинакви?
Станува збор за ретка група луѓе. Но, чудно е личност со крвна група 0- да се смета за „универзален донатор“. Тоа значи дека неговата или нејзината крв може да му се даде на било кој, без оглед на крвната група, без било какви несакани реакции при трансфузија.
Научниците вршеле испитувања за да ги утврдат разликите помеѓу Rh негативните и Rh позитивните луѓе. За Rh- се врзуваат интересни и необични способности. Негативната крвна група се поврзува со зголемени психички моќи и зголемен коефициент на интелигенција, но послабо развиено физичко тело. Карактеристични и многу чести се кафеави или зелени очи, како и руса или црвена коса.
Rh негативните луѓе почесто се видовити, имаат пониска температура на телото, зголемена чувствителност на топлина и сончева светлина, не можат да добијат трансфузија од Rh позитивен донатор, имаат црвенкаста или руса коса, зелени или кафеави очи. Некои дури имаат и дополнителни пршлени или ребра.
Rh негативната крв не го следела оригиналниот еволуциски пат, туку изгледа како некој да имал извршено интервенција од страна…
1. Луѓето со негативна крвна група во еволуцијата немаат заеднички предок со луѓето кои имаат позитивна крвна група.
2. Rh- крвна група не може да се клонира. Останатите можат.
3. Во природата, освен кај луѓето, не може да се сретне Rh- (?).
4. 0- (универзален донатор) е чиста крв, без антигени (како и 0) и без ресус ген (кого го има кај+).
Обележја на луѓето со негативна крвна група:
1. Околу 14-15 отсто од луѓето на планетата имаат негативна крвна група.
2. Најголем дел од нив се наоѓаат помеѓу белците во Европа, а најмалку ги има во азиските земји, Африка, меѓу црнците и меѓу индијанците староседелци во Америка.
3. 0- е универзален донатор. Секому може да му даде крв и таа е најбарана.
4. Некои имаат вишок пршлени (?).
5. Нормалната телесна температура им е просечно пониска.
6. Имаат понизок крвен притисок од просечниот.
7. Имаат подобри ментални и аналитички способности.
8. Поседуваат поголема чувствителност на ЕМ и ЕЛФ полиња.
9. Имаат поразвиени сетила.
10. Имаат зголемено негативно јонско зрачење околу телото.
11. Имаат потенки коски на ребрата.
Мистерија на хемолитичката болест
Хемолитичката болест се јавува кога партнерите се жена Rh-, а маж Rh+. Доколку мајката не добие инјекција со антитела, а нејзиното бебе е Rh+, нејзиното тело ќе произведе одбранбен механизам којшто ќе сака да го убие фетусот. Ако првата бременост успее и без инјекција со антитела, втората сигурно нема, бидејќи одбранбениот механизам кај жената ќе зајакне и ќе го убие фетусот, односно ќе дојде до спонтан абортус.
Сина крв
Сѐ почесто во јавноста се појавуваат информации за тоа дека членовите на кралските семејства стапуваат во брак со роднините. И покрај тоа што се смета за инцест и што наидуваат на осудувања, тие и понатаму го прават тоа бидејќи имаат причина, а тоа е немешање на Rh факторите. Сите тие се Rh негативни и не сакаат да се мешаат со останатите 85 отсто од луѓето кои имаат Rh позитивна група. Пример за ваков брак се принц Филип и кралицата Елизабета Втора, бидејќи Филип е нејзин роднина од второ колено.
За важноста на крвната група говори и фактот дека сите кралски семејства на светот се во некакво сродство. Фразата „сина крв“ оправдано се користи, бидејќи кога бојата на Rh негативната крвна група оксидира, таа станува сина.Негативната и позитивната крвна група едноставно не се компатибилни. Сите имаме ист предок, но 15 отсто од луѓето не влегуваат во тие рамки.



