среда, 25 ноември 2026
Најново

Одбележан патрониот празник и 141 година од раѓањето на Никола Петров Русински

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со положување на цвеќе пред бистата на Никола Петров Русински во дворот на основното училиште во с.Русиново кое го носи неговото име,  и со пригодна програма денеска е одбележан патронниот празник на училиштето и 141 годишнината  од раѓањето на македонскиот револуционер Никола Петров Русински. Пред присутните се обрати директорката на училиштето а свечена програма подготвија  децата од хорот, мандолинскиот оркестар и други точки кои ги подготвија децата од ООУ “Никола Петров Русински“ под менторство на своите наставници. 
Никола Петров Русински е роден на 21 ноември во 1875 година во с. Русиново, Беровско.  Тој е македонски социјалист, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација. Бил близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери. Тој е учесник во Илинденското востание. Умира во 1942 година а зад себе остава белег  на вистински македонски револуционер запишан во Македонската историја. 
Во чест на неговото движење и неговиот револуционерен дух училиштето го носи неговото име и 21 Ноември секоја година се обележува со пригодна програма.Пред присутните се обрати директорката на училиштето а свечена програма подготвија  децата од хорот, мандолинскиот оркестар и други точки кои

Поврзани вести