Одберете скапоцен камен и научете нешто ПОВЕЌЕ за себе!

Од понудените десет скапоцени камења, одберете еден кој ќе открие нешто повеќе за тоа каков е вашиот карактер и дали во иднина ве очекуваат нови авантури.1. Бисер
Ако сте одбрале бисер, тоа значи дека сте исполнети со достоинство и сте горд човек. Вие сте мудра, милостива и искрена личност. Ликот ви е мирен и добар и секогаш добро размислувате пред да кажете нешто. Бисерот значи уште дека сте на прагот на период за трансформација во вашиот живот.
2. Рубин
Рубин зборува за страствен човек, бурен и исполнет со живот. Вие секогаш можете да го нарушите спокојството и знаете како да натерате нечија крв да зоврие. Полни сте со енергија и ако се борите за нешто, противникот тешко дека ќе може да ви се спротивстави.
3. Дијамант
Овој камен е изборот на силните, решителни и горди луѓе. Вие им давате сила на сите околу себе. Самиот дијамант зборува за приватност и цврстин. Вие сте бестрашни и смели. Деновиве ќе ви се појават нови авантури на патот.
4. Син топаз
Привлечените од синиот топаз се смирени и ладнокрвни, често замислени и поседуваат вештина да извлекуваат наслада од тивките моменти во животот. Ако сте вие дел од нив, тоа значи уште дека имате силна, утешна енергија и комуницирате беспрекорно со околината. Овие способности ќе ви бидат многу корисни во животот.
5. Оливин
За вас е карактеристична љубопитната природа и заразната радост. Оливинот е донекаде мистериозен и редок. Овој камен може да се најде длабоко во земните длабочини или во метеоритите.

6. Аквамарин
Аквамаринот значи дека ве привлекува океанот и згора на тоа значи дека сте внимателни. Со вас може да се водат живи разговори, а згора сѐ поседувате и голем авантуристички дух Ако ви било досадно во последно време, не плашете се, бидејќи веројатно е дека наскоро ве очекува ново и возбудливо искуство.
7. Танзанит
Вие сте сензуална, остроумна и страствена личност која има силна аура која е како магнет за привлечност кај луѓето. Овој камен често се користи при сеанси, бидејќи е силно поврзан со задгробниот живот. Ако токму тој ве привлекол, запомнете дека е важно да се потпирате на инстинктите. Тие многу ретко грешат.
8. Цитрин
Вриете од енергија, креативни сте и отворени кон нови искуства. Исто така, најверојатно сте топла и мила личност. Цитринот ги отелотворува животот и свежината. Привлечените од овој камен се обично луѓе кои ја ценат тимската работа. Ако сте го одбрале цитринот, тогаш вие сте најдобриот човек кој ја носи светлината низ темните облаци.
9. Розов турмалин
Розовиот турмалин е за нежните, чувствителни и внимателна луѓе. Оние кои имаат тенденција да се искрени и делуваат освежувачки за околината. Тоа воопшто не значи дека се оставате некој да си игра со вас. Научниците откриле дека во овој камен поминува електричен полнеж при загревање. На ист начин и вие реагирате остро кога ќе ви се качат на глава.
10. Аметист
Карактеристично за вас е дека сте живи и раздвижени. Зрачите сила и чест во секој аспект од животот. Ништо не може да се попречи на вашиот пат. Вие ќе бидете одлични родители, но не заборавајте понекогаш и да се забавувате.1. Бисер
Ако сте одбрале бисер, тоа значи дека сте исполнети со достоинство и сте горд човек. Вие сте мудра, милостива и и

Пронајдете не на следниве мрежи: