Доцна синоќа техничкиот комитет на Европското првенство ја одби жалбата на Македонската кошаркарска федерација за натпреварот против Црна Гора.Доцна синоќа техничкиот комитет на Европското првенство ја одби жалбата на Македонската кошаркарска федерација за натпреварот против Црна Гора, со образложение дека, според Правилата на ФИБА Европа, снимка не може да се прегледува за да се промени конечен резултат на еден натпревар.
Така што, судиската одлука е валидна и натпреварот се регистрира со победа на Црна Гора од 81:80.
На вчерашниот дуел од 1.коло во Б групата, на Македонија буквално ѝ беше украдена победата против црногорскиот национален тим, откако не ѝ беше признаен чист кош за победа во последната секунда по влечењето на еден противнички играч на мрежичката од својот кош.
Срамната одлуката на ФИБА Европа која не призна очигледно кршење на материјално правило во кошаркарската игра кое директно влијаеше врз конечниот исход со големо негодување е прифатено во македонската спортска јавност.
Останува надежта дека Македонците ќе стигнат до првиот триумф на ЕП вечерва против Литванија. Овој дуел е во рамките на 2.коло од Б групата која се игра во Јесенице.
Почетокот е во 21 часот.Доцна синоќа техничкиот комитет на Европското првенство ја одби жалбата на Македонската кошаркарска федерација за натп