Одличен начин да спремите вкусен специјалитет од компири

Одличен начин да спремите вкусен специјалитет од компириСостојки:
750 гр пире компир (од претходниот ден)
1 јајце
1 лажица вегета
5 лажици ситно исецкан магдонос
3 лажици презла
3 лажици брашно
1-2 чешниња исецкан лук (или лук во прав по желба)
бибер по вкус
1 главица кромид
50 гр сушен домат
Подготовка:
На малку масло испржете го ситно исецканиот кромид додека не добие жолтеникава боја и да омекне. Исцедете го од маслото на хартија.
Исецкајте го сувиот домат.
Пирето од компир (од претходниот ден, но може и свежо направено), само малку загрејте го во микробранова печка за полесно да се соедини со останатите состојки а потоа додадете ги сите состојки и кратко промешајте додека рамномерно не се распореди.
На работната површина ставете брашно и обликувајте ќофтиња, извалкајте ги во брашно од двете страни и наредете ги на работната површина.
Пржете ги на малку масло, на средно силен оган, околу 4-5 минути (на пола пржење превртете ги) додека не добијат златно – кафена боја.

Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
750 гр пире компир (од претходниот ден)
1 јајце
1 лажица вегета
5 лажици ситно исецкан м

Пронајдете не на следниве мрежи: