2 конзерви (800 грама секоја) цели и лупени патлиџани
2 лажички маслиново масло
Сол и мелен црн бибер, по желба
1 килограм модри патлиџани, исечени на тенки кружни парчиња
250 грама брашно
3 јајца, матени
250 грама презла
Растително масли за печење
150 грама пармезан
150 грама свежа моцарела, исечена на кружни парчиња
Чекор 1
Во блендер исецкајте ги патлиџаните, префлете ги во средно голем огнотпорен сад. Додадете масло и ставете да зоврие, намалете температура и гответе оклу 30 минути.Посолоете ги патлиџаните со сол и бибер.
Чекор 2
Во меѓувреме, посолете ги парчињата со 1 1/2 лажичка сол на цедилка. Оставете да отстојат 30 минути. Потоа со хартија исуште ги и намачкајте ги од двете страни во брашнои јајцата на крај во презла .
Чекор 3
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во голем сад, ставете доволно растително масло, загрејте го на средна температура и потао ставете ги парчињата модар патлиџан да се пржат, додека не добијат златеста боја, 2 до 3 минути по страна. Префлете во чинија со хартија да се впие вишокот масло.
Чекор 4
Во длбок сад за печење, сипајте 250 грама од сосот од патлиџани. Поставете над тоа половина од парчињата модар патлиџан и 50 грама пармезан. Потопете пак со 250 грама сос од патлиџан, потоа поставете ги останатите парчиња од модар патлиџан. Прелијте со преостанатиот сос, пармезан и поставете ги парчињата моцарела на врвот. Печете додека не фати лесна кора и почне да пушта меурчиња, 40 до 45 минути.2 конзерви (800 грама секоја) цели и лупени патлиџани
2 лажички маслиново масло
Сол и мелен црн бибер, по желба
1 килограм Одлично за ручек…