Одлични освежителни КОКТЕЛИ

Одлични и освежителни коктели кој ќе ви се допаднат вам и на вашите најблиски!Blue Hawaiian

Најдобриот коктел со кој ќе ја замените пролетната со летната вечерна магија. Неговиот овошен, необичен вкус ќе ве направи да се почувствувате како да сте на јахта, а бојата ќе ве потсетува на морето или океанот пред вас.
Се приготвува со една доза рум, две дози сок од ананас, една доза ликер Блу Куракао, една доза ликер од кокос, сомелен мраз, парче ананас и цреша.
Сите дози ставете ги во блендер и измешајте. Ќе добиете прекрасна сина мешавина. Декорирајте со парчето ананас и цреша. Уживајте!

Kiwi Colada

Интересен, кисел коктел кој нема да ве остави рамнодушни. Се приготвува со 5 излупени киви, сомелен мраз, ¼ доза рум,  ¼  доза Мидори, три дози ликер од кокос и сок од ананас.
Прво ставете ги кивите во блендер. Потоа додадете ги дозите и мешајте се додека не добиете изедначена млечно – жолта боја.
Прекрасен коктел кој ќе стане ваш омилен откако ќе го пробате.
Black Magic

Покрај неговото необично име, има и необичен вкус кој ќе ве освои со својата обичност.
Се приготвува многу едноставно. Две дози вотка, две дози кофеински ликер и сок од лимон.
Се мешаат заедно во блендер и се додава сомелен мраз доколку сакате. Декорирајте со цреша и уживајте во неговата црна магија.Blue Hawaiian

Пронајдете не на следниве мрежи: