Одложени трките во супервелеслалом во Линерхајден

Временските услови никако не им одат во прилог на организаторите на завршните натпревари во Светскиот куп во алпско скијање. Откако поради густата магла во средата беа одложени трките во спуст во машка и во женска конкуренција, организаторите во Ленцерхајден, во четвртокот ги одложија предвидените трки во супервелеслалом. Организаторите направија обид да се одржи трката во машка конкуренција, стартот поради лошото време неколку пати беше одложуван, а откако трката започна и патеката ја минаа десетмина скијачи, следуваше паѓањето на Клаус Крел, по што организаторот ја прекина трката. Малиот кристален глобус во супервелеслалом во машка конкуренција уште пред оваа трка го обезбеди Аксел Лунд Свиндал, додека кај дамите победничка во супервелеслалом оваа сезона е Тина Мазе.
МакфаксВременските услови никако не им одат во прилог на организаторите на завршните натпревари во Светскиот куп во алпско ск

Пронајдете не на следниве мрежи: