ОДЛУКА на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија

На Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија, по жалбата на Владимир Вангелов за текстот со наслов “Владимир Вангелов не пропушта ниту еден протест на СДСМ”, објавен на 22.12.2014 година на веб – порталот Пулс24.
ЖАЛБАТА Е ОСНОВАНА
Кодексот на новинарите на Македонија е прекршен во членовите 1,10 и 13.
 
Член 1.
“Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да приирица суштински податоци и да фалсифииува доиументи. Доиолиу информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставиа, односно шпеиулација, тоа треба да се иаже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери иолиу што е тоа можно”
 
Член 10.
“Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човеиовите права или слободи, нема да говори со јазииот на омразата и нема да поттиинува на насилство и дисириминација врз иоја било основа (национална, версиа, расна, полова, социјална, јазична, сеисуална ориентација, политичиа…)”
Член 13.
“Новинарот требо до прави разлика меѓу фактите и мислењато, меѓу веста и коментарот.”
Комисијата за жалби констатираше дека во текстот станува збор за нарушување на трите члена од Кодексот на новинарите на Македонија. Конкретно, нарушување на начелата дека изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори. Медиумот и новинарот не треба да објавуваат материјал (информација, слика, мислење, коментар} кој има за цел да шири непријателство или омраза, или ако постои голема веројатност дека објавениот материјал ќе предизвика непријателство или омраза спрема некого поради неговата раса, етничка припадност, пол, вера, политичка припадност, сексуална ориентација, физички недостаток итн. Исто така, новинарите имаат право на свое мислење, став и вредносен суд, но не смеат сопственото мислење да го камуфлираат како факти.
 
 
 
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До канцеларијата на Советот за етика во медиумите на Македонија на ден 22.12.2014 година, лицето Владимир Вангелов поднесе жалба за текстот со наслов “Владимир Вангелов не пропушта ниту еден протест на СДСМ”, објавен на 22.12.2014 година одстрана на Интернет порталот Пулс24. Жалителот наведува дека со овој текст врз него е сторена дискриминација и кон жалбата приложи активен линк од оспорениот текст.
 
Канцеларијата на Советот за етика во медиумите на Македонија по приемот на жалбата, во согласност со член 12 од Деловникот на Комисијата за жалби, истата ја препрати до Интернет – порталот Пулс24 со барање да се произнесе по однос на наводите од жалбата. Главниот и одговорен уредник на Пулс24, Емилија Велиновска, достави одговор на наводите на жалителот. Во својот одговор, Велинова наведува дека во ниту еден момент Вангелов не е дискредитиран како личност во споменатата статија. Од друга страна, продолжува Велинова, како јавна личност очекувано е Вангелов да добива медиумски простор, неговите активности да бидат проследени од медиумите и дека како политички експонирана личност е нормално да има инфомрации за него.
 
 
На седницата на 23.02.2015 година, Комисијата за жалби ги разгледа наводите на жалителот Владимир Вангелов, како и на главниот и одговорен уредник на Пулс24 Емилија Велиновска и направи увид во наведениот текст.
 
Комисијата за жалби најде дека жалбата по однос на текстовите е ОСНОВАНА.
Во согласност со член 1 од Кодексот на новинарите на Македонија, новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно
 
Во согласност со член 10 од Кодексот, новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација врз која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…)
 
Во согласност со член 13 од Кодексот, новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
 
Комисијата за жалби најде дека објавениот текст “Владимир Вангелов не пропушта ниту еден протест на СДСМ”, не е во интерес на јавноста и дека изборот на фактите не обезбедува објективна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори, со што се прекршува член 1 од Кодексот на новинарите на Македонија.

 
Комисијата, исто така, смета дека текстот е во спротивност и со членовите 10 и 13 од Кодексот, особено поради информацијата за наводна политичка припадност на Вангелов, за што не се приложени и соодветни факти. Комисијата за жалби смета дека секој човек има право на слободна мисла и дека поради тоа не треба да се етикетира. Освен тоа, не се прави разлика меѓу фактите и мислењата. Мора да биде јасно разграничено што се факти и информации, а што коментар, претпоставка или став на авторот, за да се избегне дезинформирање и манипулирање со публиката.
 
 
Согласно наведеното Комисијата одлучи како во диспозитивот.
 
Во работата на Комисијата за жалби учествуваа членовите Мирче Адамчевски, Сефер Тахири, Теофил Блажевски и Филип Ѓурчиновски.
ЖАЛБАТА Е ОСНОВАНА
Кодексот на новинарите на Македонија е прекршен во членовите 1,10 и 13.
&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: