Одлуката на НБРМ ќе ја зацврсти макроекономската стабилност

Професорот Томе Неновски во вестите на ТВ Нова зборуваше за одлуката на Народната банка за зголемување на референтната каматна стапка од 3,25% на 4%. Тој вели дека со тоа ќе се зацврсти макроекономската стабилност во земјата, што би значело задржување на ниската стапка на инфлација и задржување на стабилноста на девизниот курс на денарот после шпекулативните напади во изминатите десетина дена.„Според тоа, тоа е главната цел на одлуката и главната придобивка, иако граѓаните, оние коишто имаат заштеди, после оваа одлука би можеле во извесен период нанапред да очекуваат дека каматните стапки на депозитите ќе можат постепено за некој процентен поен да се зголемат и со тоа да добијат некоја зголемена добивка преку камата“, рече Неновски.
Неновски додаде дека кај некои кредити можеби ќе дојде и до одредено зголемување на каматните стапки, што би довело до мало намалување во земањето на потрошувачки кредити од граѓаните.„Според тоа, тоа е главната цел на одлуката и главната придобивка, иако граѓаните, оние коишто имаат заштеди, после оваа одлука би можеле во

Пронајдете не на следниве мрежи: