Кодекс Гигас, односно ѓаволска Библија, е најголемиот зачуван средновековен ракопис и денес се наоѓа во Националната библиотека во Стокхолм.Книгата е висока 92 cm, дебела 22 cm и тешка 74 kg. Се верува дека нејзиниот автор поради неа морал да одере дури 160 животни, најверојатно магариња. По сѐ судејќи, книгата е напишана во 13. век, во бенедиктинскиот манастир во село Подлажице, во Чешка, а легендата вели дека неа ја пишувал само еден монах.
Наводно, тој човек требало да биде заѕидан жив, бидејќи ги прекршил заветите во манастирот. Но, за да го спаси животот, тој ветил дека за една вечер ќе напише книга во која ќе се најде сето знаење на овој свет.
Свесен дека нема да успее во намерата, тој на Луцифер му се обратил за помош, а за возврат ја понудил својата душа. „Паднатиот ангел“ се согласил на тоа.
Како што понатаму вели легендата, токму Луцифер бил оној што на 290. страница нацртал автопортрет, па токму оттука потекнува верувањето дека книгата е проколната.
Палеографот Мајкл Галик, верува дека книгата ја напишал еден автор. Неговиот заклучок се темели на анализата на ракописот и мастилото добиено од здробени гнезда на инсекти.
Понатаму, експертите утврдиле дека книгата сепак е создавана „малку повеќе“, отколку од самрак до зора, па сликовито било кажано дека некој на нејзе морал непрекинато да работи полни пет дена.
Кодекс Гигас започнува со Стариот завет, следат два дела на Јосиф Флавиј, во него детално се опишани и обреди за егзорцизам, а може дури и да се пронајдат магии со чија помош се идентификуваат и фаќаат крадци.
Книгата е висока 92 cm, дебела 22 cm и тешка 74 kg. Се верува дека нејзиниот автор поради неа морал да одере дури 160 животни, најверојатно магарињ