Одржана третата форумска сесија во Берово

Вчера во просториите на ОСУ Ацо Русковски во Берово, одржана е третата форумска сесија во која предмет на дискусии беа програмите за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици, програмата за урбанистичко планирање и  програмата за култура и спорт.  На почетокот, беше усвоен записникот  од втората форумска сесија и усвоен беше дневниот ред за третата. 
Од страна на општинската администрација беа презентирани планираните активности за 2017 година, при што беше истакнато кои улици се предвидени во предлог плановите за реконструкција и предвидените средства, исто така што е планирано во делот од урбанизам со предлог проекција за сумата потребна за реализација на истото, додека во делот на култура и спорт беа презентирани активностите кои се предвидени во 2017 година и средствата кои се потребни за истите. 
Граѓаните активно се вклучуваа во дискусиите  и даваа свои предлози. Работејќи во работни групи, секоја група имаше свои предлози кои дирекно ќе бидат вклучени во идните проекции на општината.  
“За одредена улица да биде направена потребен е детален урбанистички план. Видовме што планира општината, ги слушнавме Вашите предлози кои секако општинската администрација во иднина ќе ги земе во предвид“ – истакна Игор Тасевски – модератор на  Форуми во заедницата. 
На  крајот присутните граѓани  имаа можност да дадат оценка на форумската сесија. На почетокот, беше усвоен записникот  од втората форумска сесија и усвоен беше дневниот ред за третата. 
Од страна на општинската

Пронајдете не на следниве мрежи: