JАВЕН ОГЛАС-за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија 1. Министерството за одбрана има потреба од прием на сто седумдесет професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија за работа на определено време со договор за вработување во времетраење од 3 години.
2. Кандидатите за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени во Законот за служба во Армијата на Република Македонија, и тоа:
– да се државјани на Република Македонија;
– да се полнолетни;
– да имаат посебна здравствена и физичка способност потребна за вршење на служба во Армијата
– да има завршено средно образование;
– да има завршено доброволно служење на воениот рок во АРМ;
– да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за професионални војници.
3.Кандидатите кои се пријавиле на јавниот оглас во текот на постапката на прием на професионални војници ќе бидaт проверени за нивната физичка подготвеност и ќе бидат лекарски прегледани.
4.Јавниот оглас за прием на професионални војници трае пет дена од денот на објавувањето во јавните гласила, а молбите со потребните документи се поднесуваат во Одделението за одбрана за регионот Битола, со градовите Битола, Демир Хисар и Ресен; Одделението за одбрана за регионот Велес со градовите: Кавадарци, Неготино и Свети Николе; Одделението за одбрана за регионот Куманово со градовите: Куманово, Кратово и Крива Паланка; Одделението за одбрана за регионот Охрид со градовите: Охрид, Дебар, Кичево и Струга; Одделението за одбрана за регионот Прилеп со градовите: Прилеп, Крушево и Македонски Брод; Одделението за одбрана за регионот Скопје со општините Кисела Вода, Гази Баба, Карпош, Центар и Чаир; Одделението за одбрана за регионот Струмица со градовите: Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш; Одделението за одбрана за регионот Тетово со градовите:Тетово и Гостивар, и Одделението за одбрана за регионот Штип со градовите: Штип, Берово, Виница, Делчево Кочани и Пробиштип, според пријавената адреса на место на живеење или според воведувањето во воена евиденција.
5.Кон молбата која се поднесува и заведува во Одделението за одбрана за регионот од точка 4 на овој оглас, кандидатите се должни да ги приложат во оригинал или заверена фотокопија следните документи:
– диплома за завршено средно образование;
– уверение за државјанство;
– извод од матична книга на родените;
– уверение дека не е казнуван односно дека против кандидатот не се води кривична постапка и не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност;
– уверение од Одделението за одбрана за регионот од точка 4 на овој оглас дека има завршено доброволно служење на воен рок во Армијата на Република Македонија.
– лекарско уверение или потврда за општа здравствена состојба на кандидатот издадено од матичен лекар;
Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.
На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба на Армијата документите ќе им бидат вратени преку Одделението за одбрана за регионот од точка 4 на овој оглас, каде и што се поднесени.
6. Работен однос со Министерството за одбрана како професионален војник на служба во Армијата ќе заснова лице кое ќе ги исполни општите и посебните услови утврдени во Законот за служба во Армијата на Република Македонија при што ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на лицата кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.
7.Правата и обврските во врска со службата ќе бидат утврдени со посебен договор.1. Министерството за одбрана има потреба од прием на сто седумдесет професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија за работа н