ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО НБРМ-платата за работното место изнесува 59.109 денари

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, а согласно со член 14 став 1, член 22 став 1 точка 1 и член 23 став 1 од Законот за работните односи и член 9, 10 и 12 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија распишува
ОГЛAС
за вработување на 1 извршител на работното место „помлад супервизор II степен” во Отсекот за регулаторно известување и административни работи во Дирекцијата за
вонтеренска супервизија и лиценцирање во Народната банка на Република Македонија,
на неопределено време
 
1. Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
 
– завршено високо образование од областа на економските науки;
– работно искуство од најмалку 1 година;
– познавање на англиски јазик и работа со компјутер;
– познавање на сите регулаторни извештаи, подзаконската регулатива со која тие се определени и методологиите за изработка на извештаите.
 
2. Кандидатите потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение за завршено високо образование од областа на економските науки, доказ за познавање на англискиот јазик и работа со компјутер, доказ за работно искуство од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
 
3. Работното време, во работната недела, започнува помеѓу 8,00 и 8,30 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 16,30 часот.
 
4. Висината на основната (бруто) плата за работното место изнесува 59.109,00 денари.
 
5. Рокот за доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
 
6. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
 
7. Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.
 
8. Пријавите со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија, Бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр.1 Скопје.
Народна банка на Република МакедонијаВрз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, а согласно со член 14 став 1, член 22 ста

Пронајдете не на следниве мрежи: