АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА објавува ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 273/2013
за вработување на 5 државни службеници во Влада на Република Македонија – Генерален секретаријат за следните работни места:1. Помлад соработник за оперативна поддршка за ракување со техничката опрема, Одделение за одржување и ракување со техничка опрема, Сектор за општи работи (3)извршител(и);
– Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – факултет од областа на општествени науки, техничко-технолошки науки, природно-математички науки
– без работно искуство
– познавање на англиски или друг светски јазик
– компјутерски вештини (MS Word, Excel, MS Outlook, Internet)
– способност за работа под притисок и извршување на работни задачи со рок
– исполнителност, самоиницијативност, чесност и лојалност
– ефективна вербална и писмена комуникација
– ориентираност кон тимска работа
– организациски вештини
– Дневно работно време 08:30 – 16:30; Неделно работно време од понеделник до петок; Основна нето плата: 20.170,00 денари
2. Помлад референт за ракување, Одделение за одржување и ракување со техничка опрема, Сектор за општи работи (2)извршител(и);
– Више или Средно образование (VI или IV)
– без работно искуство
– компјутерски вештини (MS Word, Excel, MS Outlook, Internet)
– способност за работа под притисок и извршување на работни задачи со рок
– исполнителност, самоиницијативност, чесност и лојалност
– ориентираност кон тимска работа
– организациски вештини
– Дневно работно време 08:30 – 16:30; Неделно работно време од понеделник до петок; Основна нето плата: 12.655.00 денари
Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Влада на Република Македонија – Генерален секретаријат заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.
Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кандидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, ќе се спроведе интервју во рок од седум (7) дена од денот на полагањето на испитот, во просториите на институцијата за чии потреби е објавен јавниот оглас.
Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на државен службеник (со назнака за оглас број 273/2013) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација https://prijava.aa.mk.
Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 и на интернет локацијата https://aa.mk., Ненавремените и некомплетно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.1. Помлад соработник за оперативна поддршка за ракување со техничката опрема, Одделение за одржување и ракување со техничка опрема, Сектор