На интернет, како и многу пати досега се шират гласини дека во септември астероид ќе ја погоди Земјата. НАСА одлучи да реагира на оваа информација?„Нема потреба од грижи, никаков астероид не се заканува да ја погоди Земјата во септември“, се вели во соопштението на НАСА.
Американската вселенска агенција одлучи дека мора да одговори на гласините кои се шират на интернет дека некаде помеѓу 15 и 28 септември огромен астероидот ќе ја погоди Земјата или некое друго вселенско тело.
Според шпекулациите местото каде што треба да погоди на вселенско тело е во областа на Порторико и ударот во земјата би нанел голема штета на брегот на Атлантикот.
„Не постои научна основа, не постои ниту било каков доказ дека астероид или некое друго космичко тело ќе удри во Земјата во следните 100 години“, вели Пол Кодас кој раководи со канцеларијата за следење објекти во близина на Земјата.
Од НАСА исто така, изјавиле дека сите познати астероиди имаат помалку од 0,01 отсто шанси да удрат во Земјата во следните 100 години.
„Ако постои некој објект, доволно голем за закана на Земјата во септември, ние веќе би можеле да го видиме од Земјата“, вели Кодас.„Нема потреба од грижи, никаков астероид не се заканува да ја погоди Земјата во септември“, се вели во соопштението на НАСА.
Ам