Огромна поддршка за акцијата „Од народот за народот“ во Прилеп

Со несмалено темпо продолжува еколошко-хуманитарната акција „Од народот за народот“ која општина Прилеп ја спроведува веќе од декември 2012 година.Од тогаш, па сѐ до денес акцијата наиде на огромна заинтересираност и поддршка од страна на граѓаните. Денеска акцијата се одвиваше во УЗ „Општина“ и УЗ „Центар“ каде голем број на граѓани донираа облека и покуќнина која потоа ќе биде наменета за социјално ранливите категории.
„Јас и моето семејство ја поддржуваме оваа хуманирна акција, ние денеска одделивме облека која не ја користиме, а која се надевам дека би им помогнала на некои други семејства. Апелирам до сите прилепчани да се приклучат во оваа акција да помогнат, затоа што хуманоста е доблест на големите луѓе“, рече Робертино Илиоски, жител на УЗ „Центар“.
Хуманите граѓани од Прилеп за овие 4 години откако трае акцијата донираа огромен број на облека, обувки, електронски апарати, мебел и друг вид на покуќнина, која што не ја употребуваат, но е функционална и неа можат да ја употребат припадниците на социјално ранливите категории. Досега преку оваа акција им се има помогнато на околу 50 социјално ранливи семејства да добијат покуќнина, облека и разни апарати што до тогаш неможеле да ги имаат. Целта на акцијата е, наместо на депонија, граѓаните од подрумите и гаражите да го отстранат она што не го употребуваат и него да го донираат на оние на кои навистина тоа им е потребно, а не можат да си го дозволат.
„Ние како Урбана заедница „Општина“ постојано, секоја година учествуваме во оваа акција и собираме доста работи кои им се потребни на социјално ранливите категории. Апелирам до сите Урбани заедници каде досега се нема организирано оваа акција да се приклучат кон неа и да го донираат она што не им треба, а може да им биде од корист на голем број семејства“, кажа Васе Крстеска координатор на акцијата во УЗ „Општина“.Од тогаш, па сѐ до денес акцијата наиде на огромна заинтересираност и поддршка од страна на граѓаните. Денеска акцијата се одвиваше во УЗ „Оп

Пронајдете не на следниве мрежи: