Огромната златна статуа посветена на комунистичкиот лидер Мао Цетунг која беше подигната во едно кинеско село, доживеа неславна судбина.Статуата висока 36.6 метри, изградена во близина на градот Каифенг во провинцијата Хенан од челик и бетон, го привлече вниманието на светската јавност откако почнаа да кружат фотографии по социјалните мрежи. Статуата го покажуваше Мао во седечка положба како се издигнува над празните полиња. Ова многумина го сфатија иронично, бидејќи Мао беше обвинет за смртта на милиони Кинези.
Но, нова серија фотографии објавени во петокот во кинеските медиуми, покажува дека на статуата ѝ се оштетени рацете и нозете. Исто така, прикажано е црно платно ставено врз главата на Мао.
RIP 毛主席 – new pics emerging of the late Mao Zedong statue https://t.co/ss8ElEBVp4 pic.twitter.com/FrPFq3W18l
— Tom Phillips (@tomphillipsin) January 8, 2016
China People`s Daily објави дека статуата за која беше проценето дека чини близу 3 милиони јуани (460.000 долари), беше уништена бидејќи локалните власти не дале дозвола за нејзина изградба.
Статуата се градеше девет месеци. Илјадници Кинези наназад се прашуваат зошто се гради статуа од ваков тип и дали парите се фрлени на бесцелна активност.Статуата висока 36.6 метри, изградена во близина на градот Каифенг во провинцијата Хенан од челик и бетон, го привлече вниманието на светската јавн



