Огромните плати во СЈО значат грабеж за државниот буџет и ставање над сите во државата

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вчера призна дека информациите кои излегоа во јавноста дека добиваат фантастично високи плати и додатоци кои се движат од 2.500 до 3.500 евра месечно се точни. 
-Точни се информациите за личните примања на обвинителите во ова јавно обвинителство. Меѓутоа, сакаме да потенцираме дека сите плати, додатоци на плата се пресметуваат согласно законските одредби и не ги надминуваат границите кои што законот ги предвидува, рече портпаролката на СЈО, Ленче Ристоска.
Таа додаде дека заради специфичноста на работата, доколку се земела во предвид и обемноста со која што се соочувале, вработените во ова јавно обвинителство примале и дополителни надоместоци.
Основната плата на јавните обвинители е околу 60.000 денари или околу 1.000 евра. Според законот, додатоците кои ги зимаат не смее да изнесуваат повеќе од 35 проценти од основната плата. По потврдата од СЈО за огромните износи кои ги зимаат обвинителите од тимот на Катица Јанева, станува јасно дека плата до 3.000 евра значи грабеж на државниот буџет и нивно ставање над сите во државата.
Иако побаравме не добивме одговор од СЈО на прашањето по кој закон, член и став се исплаќаат платите и додатоците во ова обвинителство, како и колку во просек јавните обвинители во СЈО имаат прекувремена работа во делник, викенд и празник.
Во законот стои и дека Јавниот обвинител има право на додаток на плата за постоење на висок ризик, но како што истакна Ристовска на вчерашната прес-конференција тие засега се чувствуваат безбедно.
-Ние начелно се чувствуваме сигурно, секако не можеме да кажеме дека не постојат резерви. Но, сепак кога ќе процениме дека постојат високи ризици за нашата безбедност ќе бидат ангажирани дополнителни ресурси од страна на Министерството за внатрешни работи, иако како што напоменав сега за сега се чувствуваме безбедни, истакна Ристовска.
Наспроти мегаломанските плати во СЈО, јавните обвинители кои постапуваат во случаи како „Диво Насеље“ и работат со лица кои убивале припадници на македонските безбедносни сили, добиваат многу помала плата. Судиите на ваквите случаи имаат плата околу 1.000 евра, докторите кои секојдневно спасуваат животи имаат плата од околу 30.000 денари, а професорите на факултетите околу 40.000 денари. Над 20.000 денари плата земаат професорите во училиштата.
Од државен буџет на годишно ниво и се исплаќаат околу 35.000 евра на обвинителката Катица Јанева. Се до објавување на финансискиот извештај на СЈО останува непознато колку пари се расфрлаат на експерти и  надворешни лица кои се ангажирани од СЈО, како адвокатот Тортевски и професорот Шкариќ кои отворено продолжуваат да плукаат и да застануваат во одбрана на СДСМ и Специјалното јавно обвинителство.
  
-Точни се информациите за личните примања на обвинителите во ова јавно обвинителство. Меѓутоа, сакаме да потенцираме дека сите плати

Пронајдете не на следниве мрежи: