четврток, 12 ноември 2026
Најново

ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Со нашата вчерашна победа по 10-ти пат ни дадовте силен ветер во грбот да продолжиме уште посилно

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Интегрален текст од денешната прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.Почитувани сограѓани,Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ,
Вчера, вие граѓаните на Прилеп и населените места во Прилеп, силно и одлучно кажавте не на двојазичноста и федерализацијата на нашата библиска и со крв зачувана земја Македонска. Не потсетивте дека иако патот е тежок, се додека ги почитуваме нашите корени, традиции и љубов кон татковината, иднината секогаш ќе биде наша. Тоа е иднина во која нашите деца ќе имаат пристап до добро образование и здравство, во која ќе се отвораат нови работни места и за сите ќе се обезбеди достоен живот. Заедно покажавме дека не постои сила што може да ја прекине љубовта кон Македонија!
Нема сила која ќе го запре ВМРО ДПМНЕ да го заштитува својот народ од узурпаторски странски интереси и домашни предавници. Нема сила која ќе не запре да ја заштитиме државата од среброљупци однеродени од своите корени кои ги продаваат националните интереси.
Со нашата вчерашна победа по десетти пат ни дадовте силен ветер во грбот да продолжиме уште посилно, да се бориме за иднината на нашите деца, за нас, за Прилеп, за Македонија!
Ви благодариме на дадената доверба! Ви благодариме што го исполнивте своето граѓанско право на глас и помагате сите заедно да изградиме подобра иднина за сите!
Да живее ВМРО ДПМНЕ!
Да живее Република Македонија!Почитувани сограѓани,Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ,
Вчера, вие граѓаните на Прилеп и населените места во Прилеп, силно и одл

Поврзани вести