Приближно 10.000 Бугарки нудат секс на Интернет.
Со оваа древната професија онлајн се занимаваат девојки и жени меѓу 18 и 36 години. Но има и случаи, во кои и 16-годишни девојки го нудат своето тело во Интернет просторот, а сето тоа е противзаконско и казниво. Исто така во онлајн каталозите може да се најдат жени дури постари и од 50 години, пишуваат локалните медиуми.
Објавени се точно 7.283 огласи за жени кои нудат платен секс во еден од поголемите сајтови од ваков вид. Во голем број од огласите „немирните“ госпоѓици и дами објавуваат и разголени фотографии, на кои јасно се гледаат дури и најинтимните делови од нивното тело, а самите објави се напишани со многу правописни грешки.
Тие ги прецизираат своите услови во огласите, и наведено е дали чинот ќе се одвива „на твој терен или во хотел“.
Тарифите обично се движат околу 50 до 100 лева од час, а за да бидете со „силиконска“ девојка ќе платите поголема сума од 200 лева за час.
Во овие интернет страници покрај Бугарки може да се сретнат и повеќе егзотични „примероци“ од женскиот пол, како Гркинки, Русинки, па дури и Африканки. Има и осум Бразилки кои „работат“за цена од 80 евра на час во регионот на Софија.Приближно 10.000 Бугарки нудат секс на Интернет.
Со оваа древната професија онлај