Штети од пролетниот мраз во Кавадарци пријавиле околу 2.600 земјоделци, изјави денеска Зоран Шалев, началник во кавадаречката подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Девет комисии се уште на терен работат на утврдување на последиците од ниските температури, кои оваа пролет ја зафатија Тиквешијата.
– Земјоделците бараат обесштетување за претрпените штети кај лозовите и овошните насади. Првичните сознанија од терен говорат дека мрзнењето кај овошките и виновите лози се движи од десет до сто проценти, зависно од катастарската општина и местоположбата на насадите, нагласи Шалев.
Најголеми се штетите во насадите покрај реките Луда Мара и Црна.Девет комисии се уште на терен работат на утврдување на последиците од ниските температури, кои оваа пролет ја зафатија Тиквешијата.