МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП: ОКТОМВРИ 2013
Пишува: професионален астролог Снежана ШтрковскаНоќ без Месечина – 05 октомври; полна Месечина и еклипса – ноќта меѓу 18/19 октомври; Сонце влегува во Скорпија – 23 октомври; Марс влегува во Девица – 15 октомври; Меркур ретгрограден од 21 октомври.
Направете комбинација на толкувањата за вашиот знак и за подзнакот.
*Ако сакате подетално да дознаете што ве очекува во тековната година, кликнете и нарачајте – соларен хороскоп.
ОВЕН – Што и да се случуваше во изминатиов период, ќе потрае и во наредните месеци. Ве очекуваат промени кои сами ќе ги предизвикате или ќе бидете приморани да ги направите. Еклипсата во вашиот знак ќе ве поттикне на брзо реагирање, т.е. да го „возвратите ударот“, но дали тоа ќе биде неопходно или не, ќе покажат настаните во наредниот период. Ѕвездите се на ваша страна, а и уздите ги држите во раце, па со малку повеќе флексибилност ќе го пребродите овој период. Очекувајте разделба со некого или нешто. За љубов, неочекувана средба што ќе ве остави со романтични мисли.
БИК – Овој месец ќе биде во знакот на откривање на тајни – ваши или туѓи, а вие ќе останувате зачудени и со подотворена уста. За пари, очекувајте враќање на некој долг Во љубовта пријатно изненадување кон средина на месецот. Контакт со болници и/или медицински лица заради некој близок. Советот од ѕвездите е да се олабавите во деновите кога нештата се закочени, да ја чувате енергијата за подоцна.
БЛИЗНАЦИ – Ненадеен крај поврзан со нешто што ви било многу важно. Бројни неочекувани пресврти ќе се случуваат овој месец, а советот е да ги соберете парчињата од информации и одново да ја изанализирате ситуацијата. Сфатете ја сериозно и зафатете се со решавање на ендоразбирањата. Ќе потрае, но на крајот ќе ви се исплати, иако нешто ќе треба да се повтори, што и да е тоа. Во љубовта ви претстојат убави денови, посебно ако скоро сте имале лош период.
РАК – Почетокот на месецов ќе ве најде во преуредување по дома, преместување на креветот или преселба. Како и да е, ќе се занимавате и со семејни проблеми. Воздржете се овој месец од донесување на важни одлуки, бидејќи речиси ништо не контролирате, а и информациите кои ги имате и/или ги добивате, нема гаранција дека ќе се точни. Кон средина на месцов ситуација во врска со пари (давате или добивате), а кон крајот на октомври ќе почнете да внимавате повеќе на трошењето. Во љубовта, враќање на некоја стара љубов. Ако тоа вас не ви е во план и сте мислеле дека е крај, тогаш ќе се изненадите од емоциите кои старата љубов ќе ви ги покаже.
ЛАВ – Ненадејни ситуации ќе ве фрлаат од една во друга крајност: на моменти збунети и дезориентирани, па сè до агресивни и кавгаџиски настроени. Сето тоа ќе е проследено со недоречени или погрешно пренесени зборови, ваши или туѓи, како и средби кои се закажани, па откажани, па повторно презакажани. Многу е веројатно и дека ќе треба да консултирате правно лице или да го проучите законот. Убава вест за вас драги Лавови е што во овој месец ќе посветите повеќе време за да го претворите домот во пријатно место за престој.
ДЕВИЦА – Марс влегува во вашиот знак и ќе остане тука до 7 декември. Околу 20 октомври некој ќе се обиде да ве манипулира за пари што треба да ги земете. Изборете се, и покрај недоразбирањата и сопките имате можност да го добиете она што е ваше. Вашиот владетел Меркур, пак, ќе тргне ретроградно на 21 октомври, и сè до 10 ноември ќе се движи назачки. Тоа за вас ќе значи: внимателно со зборовите, со договорите што ги потпишувате, во сообраќајот, и никако не смеете да брзате. Ќе се случуваат одложувања, а ќе се појави и потреба нештата да ги направите по двапати.
ВАГА – Многу измешани настани за вас драги Ваги во овој месец: почетоци, завршетоци, кавга со лошо настроен човек кој одамна „си го бара“, неочекувани информации од партнерот/ партнерката и слично. Затемнувањето на Месечината ќе започне серија на настани кои ќе потраат до наредната година. Не е исклучена и можноста да прекинете односи со лицето кое веќе ве лажело, а речиси сигурно е дека ќе подготвите противудар.
СКОРПИЈА – Активен месец ве очекува драги Скорпии. За работа очекувајте отворање на нови можности, и за пари исто така. Во љубовта романтични моменти, како вечера на свеќи или викенд за двајца. Внимателно со зборовите, можни се недоразбирања и грешно пренесени пораки (ваши или туѓи), што ќе предизвика да донесете погрешен став или суд за некого и нешто. Терајте го месецов бавно и внимателно, и обрнете внимание на секој кажан збор.
СТРЕЛЕЦ – Венера влегува во вашиот знак на 7 октомври, и ќе ви донесе освежување. Пари кои треба да ги земете од некоја организација, или пари од партнерот/ партнерката, ќе бидат под знак прашање во деновите околу 12 и 13 октомври. За работа ви се отвораат поволни можности после средина на месецот. Помрачувањето на Месечината што ќе се случи ноќта меѓу 18 и 19 октомври, за вас ќе донесе информации во врска со нечија бременост.
ЈАРЕЦ – Сонцето се шета низ вашето поле на кариера, па искористете го периодов, драги Јарци. Посебно ќе се важни деновите околу 5 октомври. А парите ќе се појавуваат неколку пати: околу 5 октомври, 18 октомври и кон крајот на месецот. Внимателно со информации кои се лажни или нецелосни. Во љубовта, доколку започнете нешто ново овој месец, ќе има можност да потрае. Старо пријателство се обновува.
ВОДОЛИЈА – Некакво прилагодување на работа ќе ви е потребно овој месец. Договорот кој ќе ви биде понуден, нема целосно да ви одговара. За пари, 20 октомври ќе е чуден ден, најблаго речено. За секого различно ќе се исполни, но едно е сигурно: ќе бидете во илузија во врската со сумата, за што и да станува збор. Но затоа пријателите ќе ве расположат, ќе ве канат на настани, а еден од нив ќе биде вреден за паметење и прераскажување.
РИБИ – Многу документи за сработување и бројни обврски на секојдневна основа. Пари ќе доаѓаат овој месец, но ве очекува и некој поголем трошок поврзан со некаква забава, или за ќеф, што би рекле. Ако имате дете, речиси сигурно е дека ќе ви ги потроши парите. Странство, странци, абер од далеку или некакво учење ќе ви е актуелно во овој месец, како и потребата да се повторува нешто во врска со сето тоа. Еклипсата, односно делумното помрачување на Месечината, што ќе се случи ноќта меѓу 18 и 19 октомври, за вас ќе донесе информации поврзани со пари: конечно ќе наплатите некој долг или засекогаш ќе с откажете од тие пари.
Ноќ без Месечина – 05 октомври; полна Месечина и еклипса – ноќта меѓу 18/19 октомври; Сонце влегува во Скорпија – 23 октомври