ОМД на средба со македонската собраниска делегација која е во посета на Вашингтон изразила загриженост околу застојот во демократскиот развој на Македонија партиската поделба на македонското ткиво, како и непочитувањето на институцијата Собрание.– На средбата членовите на ОМД изразија надеж и ги охрабрија претставниците на двете политички партии во РМ, во име на националниот интерес на државата да изнајдат сили, преку најосновните демократски процеси – дебата и компромис без посреднишство на меѓународен фактор, низ институциите на системот да се залагаат за побрзо разрешување на сите политички прашања во најкраток можен рок. Само на тој начин Република Македонија ќе може да си го возврати нарушениот меѓународен углед во светот и да се посвети темелно на Евро-атланските интеграции и членството во НАТО, се вели во денешното соопштение од ОМД.
Членови на Обединетата македонска дијаспора вчера одржа средба со Делегација на Собранието на Република Македонија која престојува во Вашингтон по повод 64-от Молитвен појадок. Делегацијата е предводена од претседателот на Собранието Трајко Велјановски, потпретседателот Рената Дескоска и пратеникот Павле Саздов.
Тие на средбата размениле мислења и ставови околу актуелната ситуација во Македонија, демократските процеси во државата, мигрантската криза, меѓународниот углед на Македонија и околу измените во изборниот модул за престојните избори и начинот на гласање на македонскиот граѓанин надвор од матичната држава.
На средбата, од страна на ОМД било потенцирано дека таа е непартиска и невладина организација која ги застапува интересите на Македонците надвор од Македонија без разлика на партиската припадност, како и јасната определба ОМД да ги стави на распологање сите свои ресурси за промоција на државата пред НАТО самитот во Варшава, како и за анимирање на македонскиот граѓанин во странство да учествува на престојните избори.– На средбата членовите на ОМД изразија надеж и ги охрабрија претставниците на двете политички партии во РМ, во име на националниот инте