ОНА планираше виетнамски напади во Скопје

Loading...

Американскиот офицер што во Македонија се поврзува со влегувањето со автобуси во опсаденото Арачиново и извлекување на групата на ОНА, денес, 12 и пол години подоцна, иронично, пак е задолжен за автобуси, но како секретар за транспорт на Северна Kаролина, една од најголемите американски сојузни држави.На Ентони Тејта наизменично му се обраќаат како на генерал и секретар, а со него разговаравме во ден кога заедно со гувернерот се мачеше да ги исчисти патиштата на Северна Kаролина од една од постојаните снежни бури. Тејта за Дневник зборуваше за своето учество во војната во Македонија и, пред с`, за акцијата во Арачиново, за која вели дека била најтешка во неговата кариера, која потоа го однела во Ирак и во Авганистан.
Генерал Тејта, како се најдовте во Македонија?
– Јас дојдов во мај 2001 година, еден месец пред битката во Арачиново. Бев командант на Втората бригада на 101. воздушно-десантната дивизија во базата Бондстил на Kосово и имав војници распоредени на македонската граница, како и баталјон што го обезбедуваше аеродромот во Скопје, од каде што дејствуваа моите хеликоптери.
– Ние добивме мисија да ги спречиме герилските активности во Македонија што доаѓаа од Kосово, што беше многу поинакво од старата мисија на бригадата што ја заменивме – да се заштити Kосово од српски напади. Таа задача сѐ уште беше во сила, но за неа беше задолжена друга бригада, а јас бев распореден на границата со Македонија. Нашиот командант во Форт Kембел сметаше дека има два проблема – обидите на ОВK-ОНА да се инфилтрира во Македонија и да изврши притисок врз македонските власти и српската закана за Kосово. Моја задача беше главно да патролираме по познатите шверцерски канали на границата, од скијачкиот центар Брезовица до тромеѓето на Србија, Македонија и Kосово, кое го викавме кокошкина нога. Знаевме кои се рутите за шверц и имавме распоредено пешадиски и извиднички единици за да го попречиме уфрлањето герилци од Kосово во Македонија. И имавме многу успех во тоа, мислам дека притворивме меѓу 800 и 900 герилци на ОНА, кои ги носевме во притворот во Бондстил, а откривме и неколку складишта на муниција и оружје. Сметавме дека во голема мера ги попречуваме напорите на ОНА, што можеби доведе до нивниот напад во Арачиново. Тие чувствуваа дека нашите напори вршат силен притисок врз нив и мислеа дека мораат што е можно поскоро да направат нешто. Затоа Арачиново за нив беше стратегиска цел, од која можете да го видите цело Скопје, рафинеријата, аеродромот, Собранието и Владата, и сѐ да ви биде на минофрлачки дострел.KФОР побара герилците да се преместат Македонија имаше впечаток дека САД, кои ја предводеа безбедносната мисија на Kосово и имаа одлични односи со косовските Албанци, не направија доволно за да спречат прелевање на војната во Македонија.
– Можеби можевме подобро да работиме со јавноста, за нашите активности што ги вршевме, но во голема мера тоа беа доверливи операции и не сакавме да ги информираме герилците што правиме, бидејќи, едноставно ќе н` заобиколеа. Повремено имавме престрелки меѓу американските сили, нашите патроли, полскиот и украинскиот баталјон и герилците. Имаше збунетост, бидејќи дотогаш нашата цел беше да вршиме притисок врз Србите, а сега требаше да вршиме притисок и врз Албанците. Заробениците фатени на границата ги испрашувавме, нашите разузнавачи ги процесуираа, ги идентификувавме, а некои ги држевме подолг временски период, во зависност од сериозноста на тоа што го правеа, особено ако пукаа врз нас. Ние вложивме херкуловски напор да го попречиме герилското прелевање кон Македонија, особено имајќи предвид дека имаше и бран бегалци, Албанци од Македонија во Kосово, како последица на борбите со македонската војска. Ние апсорбиравме меѓу 50 и 100 илјади бегалци од Македонија. Секако, ОНА сметаше дека се бори за човекови права и тоа доведе до акцијата во Арачиново.

 
Kако се случи Вие да бидете испратени во Арачиново?
– Пред акцијата во Арачиново бев во Скопје, ја следев офанзивата на македонските сили со хеликоптери, авиони и артилерија и имавме солидни разузнавачки информации што се случува и како напредува борбата. На денот на акцијата добив повик веднаш да дојдам во базата на KФОР во „Газела“ во Скопје, каде што ме информираа дека имаме итна ситуација. Група преговарачи од НАТО, предводени од Питер Фејт, кого го знаев уште од Босна, биле блокирани во Арачиново, каде што беа отидени по барање на македонскиот претседател да разговараат за повлекување на вооружената група. Kомандантот на KФОР побара некој да влезе внатре и да ги премести герилците, кои се согласиле да бидат преместени, но само ако тоа го организираат Американците. Беше потребен доброволец. Никој друг не сакаше да се пријави и јас реков дека ако тоа помогне да се донесе стабилност во Македонија, ќе сториме што можеме. Собравме три чети, две од нив во состојба на готовност со хеликоптери, а со една чета се упативме кон Арачиново. Запревме кај позициите на македонската армија, кои имаа тенкови и артилерија распоредени кон Никуштак. Моите инструкции беа да ги пренесам герилците подалеку од Арачиново и да ги однесам во Никуштак. Не бев сосема убеден колку е тоа паметно, имајќи предвид дека повторно ќе беа оставени спроти позиции на македонските сили. Но, ми беше кажано дека имаме информации оти ситуацијата е многу сериозна, дека герилците успеваат да ги одбранат своите позиции во Арачиново, но дека се при крај со резервите на муниција и храна. Ние ги имавме пресечено нивните линии за снабдување преку планините и сметам дека затоа се согласија со овој предлог.
Евакуиравме 400 герилци
Всушност, командувавте со група герилци?- Подобро да речеме, беа под мое управување. Но, точно, тоа беше надреална ситуација за мене. Се сретнав со Питер Фејт, кој рече дека имаме договор да ги отстраниме герилците, за македонската војска да може да го обезбеди Арачиново и да ја отстрани заканата за главниот град. За споредба, тоа е како герилска армија да го држи Арлингтон и ги вперила своите оружја кон Вашингтон, преку реката Потомак. Мисијата беше да ги отстраниме оттаму, за борбата да запре. Знаевме дека дотогаш имаше висок број жртви кај македонските сили. Имаше жртви и кај герилците, многу помалку, што е и разбирливо, бидејќи имаа предност како страна што се брани.
Но, велите ќе останеа без муниција по кусо време?
– Немавме јасна претстава за тоа. Сметавме дека се при крај со резервите, бидејќи ефикасно си ја вршевме работата во планините, и мислам дека тоа доведе и до нивното навлегување во Арачиново, но и дека затоа решија да преговараат наместо да се борат до крај. Немаа големи резерви на муниција или на вода и храна. Некои од нив дојдоа само со по една кеса или ранец со куршуми и храна. Kога ја одвоивме нивната муниција на страна, одвај се наполни еден камион. Наредбата ми беше во Никуштак да им дозволиме потоа да ја добијат оваа муниција назад. Можете да замислите дека, ако ги оставевме без муниција, веднаш ќе беа нападнати од македонските сили, па оттаму имавме само наредба да ги однесеме на позиција од која нивните оружја не можат веќе да го загрозат Скопје. Преместивме меѓу 300 и 400 герилци од Арачиново до Никуштак, каде што прво што тие направија,  распоредија снајперисти на покривите и минофрлачи и митралези, очекувајќи дека ќе бидат нападнати. Ние имавме проблем потоа да се вратиме во базата.

 
СЕ ЗАКАНИЈА ДЕКА ЌЕ ГО НАПАДНАТ СКОПЈЕ
– Тие почнаа да се закануваат со напади врз главниот град, велејќи дека тоа ќе биде своевидна Тет-офанзива, налик на таа во Виетнам. Претседателот на Македонија н` замоли да влеземе во Арачиново, по што јас добив команда од генерал Ралстон, врховниот командант на НАТО. Внатре имаше класична воена сцена, со урнати згради, ракети забиени во земјата како пикада, мртви животни, ранети герилци. Јас влегов со камиони, автобуси и со медицински екипи. Побаравме од герилците да се постројат, се сретнав со нивниот командант Хоџа, низок човек со брада. Го вперив прстот во него, му реков дека немам овластување да ги разоружам неговите луѓе, но ќе мораат да ги испразнат оружјата пред да се качат во моите возила. Му реков да им нареди на своите луѓе да се стават под моја команда,  вели Тејта.
ОДВАЈ СЕ ВРАТИВМЕ ВО БАЗАТА
Тејта посочува дека неговите единици потоа имале големи тешкотии од Никуштак да се врати во базата:
– Македонската војска не ни дозволи да си одиме, цивили поставија пречки на патот и неколку часа преговаравме да се вратиме по истиот пат по кој дојдовме. Секако набргу почнаа престрелки меѓу армијата и герилците, а ние бевме меѓу нив, но моите војници покажаа неверојатна воздржаност за да не стрелаат врз никого. Јас имав вкупно 70 војници на терен, заедно со возачите на камионите. На крајот моравме да поминеме низ Никуштак и од другата страна на Арачиново. И таму имаше тенковска чета на македонската армија, но најдовме селски пат по кој се извлековме. Веднаш следниот ден македонските сили влегоа во Арачиново и го обезбедија. Со тоа операцијата беше успешна, стратегиската закана за главниот град беше отстранета. Македонскиот претседател се согласи со предлогот од НАТО за разоружување на герилците, операцијата „Неопходна жетва“, во која беа предадени илјадници парчиња оружје. Ова беше тежок период, но македонската Влада и албанското население на Македонија заедно излегоа како победници.(Цветин Чилиманов, Дописник на МИА од Вашингтон )На Ентони Тејта наизменично му се обраќаат како на генерал и секретар, а со него разговаравме во ден кога заедно со гувернерот се мачеше да ги исчи

loading...
Loading...