сабота, 28 ноември 2026
Најново

ООУ „Димо Хаџи Димов“: Успешен модел за еко-училиште

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во посебно изградената просторија во училишниот двор на ООУ „Димо Хаџи Димов“, денеска, беше презентирана новата специјализирана машина за преработка на дрвена маса и производство на дрвен чипс. Се работи за заедничка акција помеѓу општина Карпош, УНДП и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).По тој повод, првиот човек на општина Карпош, Стевчо Јакимовски одржа прес конференција за медиумите и пред присутните претставници на Германската амбасада во Скопје и стручните лица од МАНУ, говореше за придобивките од овој енергетско-ефикасен проект.
– Целта на овој проект е ООУ „Димо Хаџи Димов“ да го преориентираме, да се загрева на т.н дрвен чипс. Тоа значи дека целиот дрвен отпад кој ќе го соберат ЈП Паркови и зеленило на наша територија, ќе биде складиран во ова училиште, кој подоцна ќе го преработиме во енергенс за греење. Ова е заедничка акција, каде што општина Карпош ќе инвестира 2.600.000 денари, додека, едната организација го дава резервоарот за дрвен чипс, а другата ја обезбеди мелницата која ќе ја меле дрвната маса – истакна Јакимовски.
Тој објасни дека, за загревање на ова училиште досега беа потребни 80 кубици дрва, а новиот резервоар е со значително поголем капацитет од 140 кубици.
– Се работи за занемарливи трошоци во споредба со досегашните. Моменталната годишна сметка за греење на ова училиште изнесува околу 2.600.000 денари, а со новиот метод, планираме сметката да се сведе на само 90.000 денари. Тоа дополнително говори за евидентната заштеда на парични средства, кои потоа можат да се пренаменат за потребите на училиштето – образложи општинскиот татко.
На денешната средба, присуствуваше и првиот секретар на Германската амбасада во Скопје, Хелге Зандер, кој во оваа пригода ја нагласи добрата соработка со општина Карпош. Тој го оквалификува овој пилот-проект како одлична иницијатива и го посочи како одличен пример, кој треба да го следат останатите институции и јавни установи во Македонија.
Општина Карпош на овој начин продолжува со проектот 20/20/20, кој значи намалување на 20% на штетни гасови во атмосферата, користење на 20% на алтернативни извори на енергија и намалување на 20% на трошоците за енергија. Аналогно на ова, се заштедуваат значителни финансиски средства, помалку се загадува животната средина и во исто време, поефикасно се загреваат училишните простории.По тој повод, првиот човек на општина Карпош, Стевчо Јакимовски одржа прес конференција за медиумите и пред присутните претставници на Германската

Поврзани вести