Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ се реализира со цел да се подигне свеста за заштита на животната средина кај децата од градинките и кај учениците од основните и средните училишта. Оваа програма ја спроведува Министерството за образование и наука во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Здружението за едукација, консалтинг и комуникација ОХО.На седмиот Еко-самит, кој се одржа на 23. декември во хотел „Порта“ во Скопје во организација на Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО беа доделени наградите кои претставуваат меѓународни сертификати за исполнување еко стандарди во работата на училиштата и градинките.
Меѓу наградените основни училишта со сребрено ниво по втор пат е ООУ „Никола Петров – Русински“, чија апликација беше одобрена благодарение на големиот број еколошки активности кои училиштето ги спроведе во учебната 2014/15 година.
На Еко самитот од училиштето присуствуваа директорката, педагогот и координаторката на програмата. Според критериумите на конкурсот „Како да се стане еко-училиште“ за учебната 2014/2015 година наградени беа 32 апликации за зелено знаме, шест за сребрено ниво, една за бронзено ниво и две препораки за статус.На седмиот Еко-самит, кој се одржа на 23. декември во хотел „Порта“ во Скопје во организација на Здружението за едукација, комуникација