Опозицискиот мегафон „Центарњуз“ се избламира, па си ја избриша шпекулацијата

„Напади на паника после најавата за избори“ – вака јавноста го коментира најновиот блам на порталот на СДСМ „Центарњуз“ кој излезе со смешна и апсурдна шпекулација дека пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ се монтира минијатурна бина на која шефот на партијата Никола Груевски ќе соопштел дека се повлекува од лидерската позиција,објави Журнал.Партиското гласило на СДСМ преку кое често се промовираат највлажните соништа на Заев и Шекеринска, денес уште еднаш, по којзнае кој пат, се посрамоти „на отворена сцена“ – овој пат и буквално.

„Откако стана јасно дека ќе има избори на кои СДСМ ќе мора да се појави и веќе не ќе може да бега, веројато ги тресе страв од она што доаѓа, па затоа си измислуваат вакви вести со кои барем на кратко ќе се порадуваат, чувствувајќи дека времето за плачење допрва им доаѓа“, коментираат граѓаните по социјалните мрежи.
Бината која се монтира на плоштадот ВМРО е во рамките на проектот „Скопски летен ритам“ на кој повеќе од 100 музичари на 40 настани изведуваат жанровски и стилски разновидна музика и ги забавуваат сите возрасни категории на граѓани.

Откако сфатиле дека се посрамотиле од „Центарњуз“ ја избришаа статијата од својот сајт. Сепак, некои работи е многу тешко да се избришат.
Партиското гласило на СДСМ преку кое често се промовираат највлажните соништа на Заев и Шек

Пронајдете не на следниве мрежи: