Општина Аеродром: Утре почнува акцијата за собирање на кабаст отпад

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје, односно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, од утре ќе почне акција за собирање кабаст отпад. Акцијата на 26 февруари ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кога граѓаните кои имаат кабаст отпад, во временски интервал од 07:00 до 11:00 часот, ќе можат да го одложат пред своите домови, доколку живеат во куќа, или пак, пред зграда, ако живеат во колективни станбени домаќинства. При тоа, треба да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.
Акцијата на 27 февруари, пак, ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански.
Под кабаст отпад се подразбира делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут.
 Акцијата на 26 февруари ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кога граѓани

Пронајдете не на следниве мрежи: