Општина Берово доби сертификат за успешно имплементирање на ISO 9001:2009 стандардотВо насока на имплементирање на ефикасни јавни услуги за потребите на граѓаните и стопанството, Општина Берово во изминатиот 6 месечен период започна со спроведување на Системот за менаџмент за квалитет со што доби сертификат за успешно спроведување на стандардот ISO 9001:2009.
Овој меѓународен сертификат за имплементација на Системот за менаџмент за квалитет се однесува во делот на извршување на услуги во надлежност на локалната самоуправа, со што се овозможува создавање на современа и комплетна инфраструктура и ефикасни јавни услуги за потребите на јавниот и приватниот сектор.
Тоа го потврди и редовната проверка за функционирањето на примената на сертификатот во секојдневното работење на општинската администрација, спроведена од станата на претставник од Сертификациското тело ИНТЕРЦЕРТ како акредитирано сертификациско тело од ИАРМ за вертификација на системи за управување, при што беше констатирано дека сисетмот се имплементира и надградува во функционирањето на Општина Берово.
Со имплементацијата на стандардот ISO 9001:2009 се придонесува граѓаните на Општина Берово да добиваат навремена и квалитетна услуга, а истовремено се подобруваат и организационите можности, ефикасното искористување и управување на човечките ресурси во локалната администрација. Имплементирањето на ISO стандардот истовремено овозможи идентификување и навремено реализирање на потребите и очекувањата на граѓаните, со што на ефективен и ефикасен начин се реализираат, одржуваат и подобруваат општите перформанси и можности за одржлив развој на општината.
Зајакнувањето на локалната демократија, граѓанското учество, развојот на човечкиот капитал и одржливиот приход на граѓаните на општината остануваат приоритети во општинското работење и затоа се вложуваат сите напори за транспарентност, отчетност, финансиска стабилност и ефективност во извршувањето на општинските услуги, со што преку имплементирањето на меѓународниот стандард ISO 9001:2009 за управување со системот за квалитет се поставуваат нови стандарди во локалното раководење.Во насока на имплементирање на ефикасни јавни услуги за потребите на граѓаните и стопанството, Општина Берово во изминатиот 6 месечен период започн