Општина Центар комплетно ја реконструираше улица „Партизанска“

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на улица „Партизанска“, која се наоѓа позади „Неуромедика“ на бул. „Партизански одреди“.Оваа улица никогаш немала атмосферска канализација, коловозот беше во исклучително лоша состојба, а каблите на операторите висеа над улицата и по тротоарите.
Проблемите се зголемија и со изградбата на нови згради, кои не биле инфраструктурно покриени. И при најмалите дождови, водата се собираше во дупките.
Општина Центар изгради атмосферска канализација и го санираше коловозот во должина од 100 метри.
Каблите се вкопани под земја. На овој дел ќе биде поставена зелена жардињера, која ќе го разубави просторот
Новиот иглед на улица „Партизанска” е дел од акцијата на општина Центар „Нова пролет, нова офанзива“!
Следна улица за реконструкција во овој сегмент на Центар е вториот дел од ул „Наум Наумовски-Борче“.Оваа улица никогаш немала атмосферска канализација, коловозот беше во исклучително лоша состојба, а каблите на операторите висеа над улицата и по т

Пронајдете не на следниве мрежи: