Вчера, 24.04.2016 година, кај месноста Свиланово во близина на с.Рајчани на свечен начин беше одбележана 111-годишнината од смртта на Македонскиот револционер учител и претседател на Крушевската Република Никола Карев.Месноста Свиланово се наоѓа кај селото Рајчани на тромеѓето меѓу трите општини Чешиново-Облешево , Кочани и Пробиштип.
И денес ова место живее и ја чува приказната за убиството на Македонскиот револционер учител и претседател на Крушевската Република Никола Карев, кој со неговата чета на пат за Крушево ноќеваат во селото Рајчани, но тука биле предадени и на 27 април 1905 година во нерамна борба биле поразени од османската војска.
На свеченоста присуствуваа многубројни граѓани од општина Чешиново-Облешево, општина Кочани претставници од Крушево и многу други граѓански здруженија како и членовите на мото-клубот „Никола Карев“ од Чешиново-Облешево.
Со положување на цвеќе му одадоа почит и градоначалниците на општините Чешиново-Облешево, Кочани и Крушево,пратениците Иван Иванов и Никола Мицевски, претставници од структурите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, потомците на Карев од Крушево, членовите од Здружението „Тодор Александров“ и многу други.
Учениците од ОУ „Никола Карев“ Кочани одржаа литературно читање на творби посветени на делото на Никола Карев. За сите учесници од страна на општина Чешиново-Облешево беше организиран заеднички ручек во манастирот Св. „Пантелејмон“ во с.Пантелеј.Месноста Свиланово се наоѓа кај селото Рајчани на тромеѓето меѓу трите општини Чешиново-Облешево , Кочани и Пробиштип.
И денес ова место жи