Општина Гевгелија во моментот има подготвено 27 урбанистички документи кои веќе се ставени во постапка на донесување, соопштија денеска од одделението за урбанизам.Надлежните појаснија дека 20 се детални урбанистички планови, четири се урбанистички планови за село и три за населено место и дека сите наскоро се очекува да бидат донесени.
– Со постапката за урбанизација на просторот настојуваме секогаш да обезбедиме погодни градежни парцели за заинтересираните инвеститори за стопански капацитети и станбени објекти, како на пример последните парцели на Мрзенски рид кои експресно беа продадени, велат од одделението за урбанизам на општина Гевгелија.
Општинскиот совет на последната седница веќе го донесе ДУП за дел од блокот 4 кој го опфаќа северо-западниот дел од градот Гевгелија кои граѓаните го нарекуваат „Амбалажерка“.Надлежните појаснија дека 20 се детални урбанистички планови, четири се урбанистички планови за село и три за населено место и дека сите наскоро се